Хрватите спречија влез на српска воена делегација
Објавено во: Балкан 07 Септември, 2019
Спречен e влез на српска воена делегација во Хрватска Делегацијата требала да присуствува на одбележување на Денот на јасеновачкиот маченик и претходно била уредно најавена. Сепак, на граничниот премин Батровци – Бајаково, делегацијата е запрена.
Хрватските погранични власти денеска не дозволиле влез во Хрватска на делегација на војската на Србија составена од старешини од Воена академија, кадети и питомци.