Хрватска бара добри готвачи, колку се платите?
Иако платите се по неколку илјади евра, хрватските газди се жалат дека нема добри готвачи.
Објавено во: Економија, Балкан 15 Септември, 2016
„Вистинскиот готвач, кој е подготвен да учи и да се едуцира не е проблем да го платам. Ги избирам најдобрите за да ги вработам. Работат две години, мислат дека знаат сè и ќе си одат. Дури и ако им се понудат 1000 куни си одат“ - вели Брацо Сањин, кој исто така е готвач по професија.
Додава дека низ земјата работат околу илјада готвачи, а платата може да биде и по неколку илјади евра.
„Сакаат луѓето да работат, но тука недостига знаење и организација пред сè “ - вели Јоже Томас, директор на хотел.
Тој смета дека квалитетен и брз готвач треба брзо и да најде работа.
Додава дека ако Сплит има подобри готвачи, келнери, бармени, и сликата за градот би била далеку подобра.