26 Април, 2024
0.0325

ХРВАТСКА: Зошто младите луѓе масовно се селат?

Објавено во: Балкан 09 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Младите во Хрватска се иселуваат во Ирска и Германија, а оние кои се во земјата чекаат шанса или создаваат терен за заминување.

Медиумите од регионот секој ден се полни со позитивни, но и негативни приказни за тоа како Хрватите заминуваат во странство, како таму се снаоѓаат и дали планираат да се вратат. Хрватите велат дека причините кои доведуваат до едно вака алармантна миграција на младите се различни, почнувајќи од невработност, мали плати, непотизам, немање можности.

Иван Гачина, инженер од Задар вели дека лично за него било поубаво пред 1991 година, а денес како што објаснува народот „крваво“ работи за мали пензии во иднина. Вели дека се живее тешко  и кога не би биле недвижнините од претходните генерации, а како пример наведува дека стан во Задар чини 100.000 евра, тогаш луѓето раскажува дека не би имале што да јадат за да го отплатат станот. Во однос на работа во ЕУ вели дека генерално Хрватите заминуваат кој каде ќе се снајде, но работат работи кои Германците или другите народи не би ги работеле.

„Да се вратиме на ЕУ каде поглемите ги притискаат помалите, па така ако во прв ред економски пропадна Грција, Италија, Шпанија, Англија кои се продолжена рака на Американците, Германците и другите засега нè притискаат нас. Еднаш кога некој ќе влезе во ЕУ го губи правото на самостојно одлучување, а што мислите кој ги влече конците? Тоа се тие 1% било каде и да живеат и немојте да мислите дека не сум во право. На доларот има симболи пирамида и око, масонски симболи, а на еврото три шестки, уште полошо. Се прават манипулации со човечкиот мозок. Зарем мислите дека Британија така лесно би се повлекла откако го истористи остатокот на ЕУ? На народот му се спомнуваат еу фондови, но до нив стигнуваат организации, а не поединци. Единствено што вреди е Шенген, Швајцарија не е во ЕУ, но е во Шенген, но Хрватска тоа до ден денес не го виде, а дали и ќе го види некогаш?“- вели Гачина.

Томислав Домовиќ, книжевник од Карловац смета дека луѓето заминуваат во Ирска најчесто затоа што таму веќе имаат формирано „колонии“, и едноставно си помагаат еден на друг околу пронаоѓање на работа.

„Сложено е. Луѓето си заминуваат заради многу непотизам, малку шанси, а младите се нестрпливи, какви инаку може да бидат“- вели тој.

Зденка Радиќ Царевиќ од Сплит пак вели дека она што ги брка младите надвор е длабоко вкоренетата корупција и непотизам кои веќе во нивното општество се сметаат за нормални и  никој не реагира на тоа.

„Мислам дека работите многу се сменија од 2013 година, и Хрватска како членка на ЕУ има автономија да ги решава своите економски проблеми. ЕК и другите институции можат само да помогнат. Мислам дека не се само платите причина поради која луѓето се селат, треба да се истражи темелно, да се утврдат причините и да се направи нешто за да се задржат младите“- вели преведувачка од Солин.

На крајот на декември минатата година во Хрватска се регистрирани 187.363 невработени. Стапката на невработеност кај нив падна од 10 на 9.8 проценти, со што се вбројуваат меѓу земјите во ЕУ кои релативно добро се справуваат со намалување на невработеноста. Просечната нето плата во земјата е 6.189 куни.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)