Хрватските пензионери меѓу најсиромашните во ЕУ
Објавено во: Балкан, Економија 21 Октомври, 2015 12:55
Хрватските пензионери се меѓу најсиромашните во Европа, покажува Извештајот за пензии кој го објави Европската комисија.
Пензионерите на возрасна старост од 65 до 74 години во Хрватска примаат помалку од 40 посто од просечната плата на работник на возраст помеѓу 50 и 59 години што значи дека после пензионирањето драстично им паѓа приходот па по тој критериум се во најнеповолна положба во ЕУ, пренесува индекс.хр.
Според податоците од извештајот на ЕК, во 2013 година повеќе од 30 одсто од популацијата постара од 65 години била во ризик од сиромаштво или социјална исклученост.
На малите пензии големо влијание има нецелосниот стажи предвремено пензионирање, а според таа статистика Хрватска исто така е на дно на Европското ниво, бидејќи стапката на неварботеност во старосниот период од 55 до 64 години е под 40 одсто.
„Полн работен век со 40 до 45 години уплаќање на пензиски допринос во иднина ќе биде се поважно за остварување на целосна пензија. Во некои држави членки одржување на иден доход после пензионирање се повеќе ќе зависи од примањата во приватниот систем по пат на струковни или лични пензиски осигурувања. Потребна е блиска сорабтка меѓу државите членки околу прашањето на допунските пензии, вклучувајќи го и прашањето на нивната достапност.
Поради неповолните демографски трендови цела Европа ги реформира пензиските системи, како би се осигурало одржливо финансирање на идните пензии. Успешноста на реформите во голем дел зависи и од способноста на старите работници да останат вработени како што периодот на пензионирање ќе се зголемува. За Хрватска се предвидува дека за редовно пензионирање во иднина старосната граница да биде 67 години, се наведува во текстот.
Според податоците на ЕК , на ниво на ЕУ отприлика пола пензии во 2012 се остварени бидејќи луѓето наврпиле старосна граница за пензионирање.
Голем број луѓе се пензионирале предвремено поради причината како што се лошо здравје, невработеност и семејни обврски. Затоа клучно ќе биде на луѓето да им се обезбедат потребни вештини, како и здравствена и социјална заштита како би ја одржале својата вработеност во текот на стареењето, сметаат во Европската комисија.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




