16 Април, 2025
0.0306

Huawei ја засилува вредноста на брендот, се искачува на рангирањето на BrandZ World’s Most Valuable Brands

Објавено во: Мои пари 13 Јули, 2020 10:28

Добивај вести на Viber

Поддржан одпостојан поттик за иновации, Huawei е дел од најдобрите 50 петта година по ред

Huawei е стабилен во својата посветеност на иновациите и движечката вредност за глобалните потрошувачи. Во најновата студија BrandZ Top 100 Most Valuable Brands, објавена од WPP и Kantar, Huawei е рангиран на 45-то место, на две места погоре од лани, со 29,4 милијарди американски долари вредност на брендот (за девет проценти зголемување година за година). 2020 година е исто така петта година по ред, каде годишната публикација го карактеризира Huawei како еден од првите 50 највредни брендови ширум светот, сведоштво за успехот на Huawei во извршувањето на својата долгорочна визија за градење на целосно поврзан, интелигентен свет.

Според извештајот, вкупната вредност на врвните глобални брендови забележа зголемувањеод 5,9 проценти во однос на претходната година, при што технолошкиот сектор остануваглавен придонесувач, 15 години по ред, и претставува 37 проценти од првите 100. Кинеските брендови, исто така, се здобиваат со важност со тоа што дури 17 од нив ги освоија првите 100 места, меѓу кои пет се признати како „Top 20 Risers“ - брендови кои најмногу ја зголемија својата вредност.

Изминатата година, бевме сведоци како Huawei започна со својата стратегија да ги диверзифицира и прошири своите придонеси на домашниот и на странскиот пазар. За време на своето виртуелно лансирање во февруари, Huawei лансираше низа нови производи, вклучувајќи ги и 5G паметниот телефон на преклоп - HUAWEI Mate Xs, HUAWEI MatePad Pro 5G и AppGallery, прва платформа за дистрибуција на апликации на Huawei. На настанот, Huawei ја претстави својата стратегија All-Scenario Seamless AI Life и ги реафирмираше своите напори да инвестира во електрониката за потрошувачка технологија, почнувајќи од 5G до AI.HUAWEI P40 серијата,лансиранаво текот на месец март, постави нови стандардина технологијатаза мобилна фотографија, нудејќи им на потрошувачите целодневно искуство на фотографирање со Super Definition и триото смартфони со врвни камери.

BrandZ студијата е објавена во пресрет на тримесечните најави на IDC за своите откритија од Worldwide Mobile Device Trackers. Ова ги вклучува: Huawei ја има титулата како втор најголем производител на смартфони во светот со 17,8 проценти удел на пазарот; континуираниот раст на компанијата во секторот за аксесоари резултираше во пораст на пратките за 62,2% на годишно ниво; и 12 проценти од глобалниот пазар на таблети го обезбедува местото на Huawei како трет по големина продавач на таблети ширум светот[①].Во меѓувреме,независната аналитичка фирма Canalys го постави Huawei како еден од најдобрите 5 светски производители на безжични аудио производи[②]. Бизнисот за компјутери на Huawei, исто така, забележа раст на продажбата за 120 проценти во првиот квартал од годината.

Деловната консултантска фирма Boston Consulting Group (BCG) исто така неодамна го претстави својот годишен извештај на „Најиновативни компании“, каде го именуваше Huawei како шеста најиновативна компанија во светот, качувајќи се 42 места погоре од минатата година.Рангирањето е во голем дел врз основа на анкетата што BCG ја спроведе од август до октомври 2019 година. BCG ги проценува перформансите на компаниите од повеќе аспекти, вклучувајќи ги и глобалните размислувања, погледот кон индустријатаи креирање на вредност. Меѓу топ 50-те компании, Huawei имаше најзначаен скок нагоре и е највисоко рангирана кинеска компанија.

Понатаму, Huawei работи заедно со развивачите и партнерите за да се посвети на сите сценарија на екосистемот на софтверот, кој е составен дел на неговата замислена паметна иднина. На пример, Huawei е посветен на целосно отворање на своите chip-device-cloud способности за забрзување на иновативното искуство во апликациите и одвои 1 милијарда американски долари за финансирање на програмата „Shining-Star“, иницијатива која им нуди на развивачите широк спектар на услуги кои им помагаат да ги лансираат своите идеи на пазарот.


Можеби ќе ве интересира

Придружете се на младинско движење за интернет без омраза

Придружете се на младинско движење за интернет без омраза

Купувај со мера, штеди со план – твој водич за паметно празнично трошење

Купувај со мера, штеди со план – твој водич за паметно празнично трошење

Зошто пробиотиците се важни во сезоната на грип и пролетта?

Зошто пробиотиците се важни во сезоната на грип и пролетта?

СУПЕР ДОБИТЕН МАРТ СО ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ ИМ ИСПЛАТИ 64.182.837 ДЕНАРИ

СУПЕР ДОБИТЕН МАРТ СО ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ ИМ ИСПЛАТИ 64.182.837 ДЕНАРИ

Врвот на бизнис елеганцијата: новиот Audi A6 Sedan

Врвот на бизнис елеганцијата: новиот Audi A6 Sedan

Samsung Electronics го најавува почетокот на продажбата на својата иновативна линија на апарати за домаќинство за 2025 година за унапредување на паметното живеење

Samsung Electronics го најавува почетокот на продажбата на својата иновативна линија на апарати за домаќинство за 2025 година за унапредување на паметното живеење

Комерцијална банка со поддршка од 30 милиони денари за Фондацијата на МБА „Заедно за едно“ за помош на настраданите во трагедијата во Кочани

Комерцијална банка со поддршка од 30 милиони денари за Фондацијата на МБА „Заедно за едно“ за помош на настраданите во трагедијата во Кочани

За еден миг со НЛБ мКлик, од сега целосно дигитално, до нова кредитна картичка и зголемување на кредитен лимит

За еден миг со НЛБ мКлик, од сега целосно дигитално, до нова кредитна картичка и зголемување на кредитен лимит

Роденденски подарок со „Титаниум“ на Државна лотарија за Лидија од Скопје

Роденденски подарок со „Титаниум“ на Државна лотарија за Лидија од Скопје