Добивај вести на Viber
На струмичкиот градски плоштад денеска десетина деца цртаа, а нивните дела ќе се понудат на лицитација.
Децата изработија цртежи чија продажба треба да обезбеди нови технички помагала во дневниот центар за деца со аутизам „Порака“ во Струмица.
Хуманитарната акција „Јана“, која е кратенка од пораката „You are not alone“, се спроведува истовремено во повеќе градови низ државата, кад се еорганизираат најразлични настани. Целта е општеството да посвети поголемно внимание на лицата со посебни потреби, но и нивна поголема интеграција.
Акцијата е проект на повеќе граѓански здруженија како и советот на американската амбасада.