30 Април, 2024
0.0287

Хуманитарното здружение кое организира верски обреди за деца постои ПЕТ години!

Објавено во: Македонија 24 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Пред пет години е формирана Фондацијата „Мустафа Паша“, во чии простории во Чаир, беа затекнати малолетни деца, како се учат на верски обреди. Основана е со влог од 10 илјади евра, а заведена е како Фондација за образование, култура и хуманитарна помош. Оваа фондација има 11 сопственици и тоа Бушра Локче, Вилдан Каљоши, кои се приклучуваат како сопственици во февруари годинава, додека останатите Берат Рамадани, Исмаил Рахман,  Бејтула Зиберовски, Миџит Османи, Бушра Саит, Вилдан Зендели, Рахим Каљоши, Семи Ајети, Рафет Билач, се јавуваат како сопственици од самото отворање на Фондацијата во 2012 година.

Фактор се обиде да стапи во контакт со сопствениците на Фондацијата. Писмено упативме прашања, но оттаму останаа без коментар за случувањата.

Инспектори од Министерството за труд и социјална политика, на една локација во општина Чаир, адаптирана како детска градинка, утврдиле дека таму се згрижуваат малолетни деца од 6 до 11 години, на кои им се држат верски предавања, се учат на ритуали, молитви, поколенија. Предавањата се одржувале од 11 до 16 часот. Инспекторите на терен затекнале две наставнички, и група од деца, кои потврдиле дека во куќата, каде била адаптирана и градинката, се одржувале верски обреди. Една од наставничките кажала дека хуманитарната организација има повеќе вакви објекти, но не знаeла каде се наоѓаат.  

Со оглед дека децата се згрижуваат во хуманитарна организација спрoтивно на закон, а во интерес на нивната безбедност, инспекторите побарале помош и од останатите институции.

„Министерството за труд и социјална политика за затенатата состојба ќе ги информира и МВР и Министерството за образование со барање да се испитаат оправданоста, карактерот, целите и намерата на хуманитарната организација, велат од Министерството за труд и социјална полтика.

Министерството најавува дека и следната недела ќе биде на терен, за да утврди состојбата, но и дали има уште вакви градинки. 

С.Н.

Можеби ќе ве интересира

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура

ПЕНДАРОВСКИ: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

ПЕНДАРОВСКИ: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

ТОШКОВСКИ: Во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски

ТОШКОВСКИ: Во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски

ЗАВРШЕНИ СЕ ПОТРЕБНИТЕ ПРОЦЕДУРИ: Полицијата веќе почна со организацијата на екстрадицијата на Палевски

ЗАВРШЕНИ СЕ ПОТРЕБНИТЕ ПРОЦЕДУРИ: Полицијата веќе почна со организацијата на екстрадицијата на Палевски

ПЕНДАРОВСКИ: Kaко Силјановска Давкова ги обезбедила тие информации дека во ДУИ има поделба?

ПЕНДАРОВСКИ: Kaко Силјановска Давкова ги обезбедила тие информации дека во ДУИ има поделба?

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јавна тајна е дека внатре во ДУИ има две струи, едните за, едните против

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јавна тајна е дека внатре во ДУИ има две струи, едните за, едните против

СЕ „ЕВАКУИРА“ СКОПЈЕ: Луѓето се упатија кон Грција

СЕ „ЕВАКУИРА“ СКОПЈЕ: Луѓето се упатија кон Грција

ДУИ ДО МИЦКОСКИ: Вокабуларот е агенда на Москва и Путин кои сакаат да ја дестабилизираат Македонија

ДУИ ДО МИЦКОСКИ: Вокабуларот е агенда на Москва и Путин кои сакаат да ја дестабилизираат Македонија

И ЗНАМ ИМА УСЛОВИ: Максим објасни што бара од партиите за можна коалиција

И ЗНАМ ИМА УСЛОВИ: Максим објасни што бара од партиите за можна коалиција