ХУМАНОСТ НА ДЕЛО: ВИДЕОЛОТАРИЈА СО НОВА КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

Објавено во: Мои пари 19 Февруари, 2025 12:00
Во просториите на Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, тимот на Видеолотарија Касинос Австрија реализираше уште една успешна крводарителна акција.
Видеолотарија Касинос Австрија во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје и Црвениот крст, уште еднаш успешно ја реализираше и најновата крводарителна акција, со што повторно ја докажа својата хуманост на дело. Оваа акција е само уште еден доказ дека солидарноста и хуманоста се вредности кои силно се почитуваат во нашата компанија.
Акцијата веќе е убава, хумана традиција, која ја практикуваме како колектив, а голем дел од вработените практикуваат и индивидуално да поддржуваат вакви хумани активности. На овој начин, Видеолотарија Касинос Австрија дава придонес во спасувањето човечки животи и во промовирање и поттикнување на доброволното дарување крв. Собраните единици крв ќе бидат распределени онаму каде се најпотребни.
Крводарителството е доброволен чин и индивидуален одраз на хуманост и на солидарност. Крводарител може да биде секое лице на возраст од 18 до 65 години, со добра општа здравствена состојба. Според критериумите за крводарување, мажите може да даруваат крв на секои 3, а жените на секои 4 месеци. Едно крводарување може да спаси 3 до 4 човечки животи.
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
„Алкалоид“ трета година по ред е апсолутен победник - најпосакуван работодавач за 2024 година

Владимир Мартиновски: Во сонетниот венец „Часови без часовник“ се преплетуваат љубовта и нештата што ме загрижуваат

„КАМ“ прогласен за најпосакуван работодавач за 2024 година

CUPRA Formentor и Audi A5 се победници! - Доделени наградите „Златно Тркало 2025“
Постот никогаш не бил посладок – Откријте го совршениот додаток за кафе во Имлек Оаза

Десет години трансформација: Philip Morris International го објави Извештајот за одржливост за 2024 година

Флекс Кредит прогласен за „Најпосакуван работодавач“ во категоријата финансиски друштва за 2024 година
