СЕ ПРОДАДОА БЛИЗУ ПЕТ ПРОЦЕНТИ ОД АКЦИИТЕ НА СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ЗА ЕДЕН МИЛИОН ЕВРА - БАНКАТА ТВРДИ: Не сме на продажба
Објавено во: Финансии 16 Април, 2025 12:04
Интересна блок трансакција се случила вчера на Македонската берза за долгорочни хартии од вредност.
Имено, продадена е значајна количина акции на Стопанска банка Битола за сума од 1,07 милиони евра.
Продадени се 19.500 акции, по цена од 3.377 денари за акција, или вкупната сума на зделката е 1,07 милиони евра.
Вчера, пак, истиот ден кога се случила блок трансакцијата, цената по која се тргувало со акциите на Стопанска банка Битола на редовниот пазар изнесувала 3.350 денари за акција, што значи дека оној што купил толку голема количина акции при блок трансакцијата, всушност бил решен да го купи пакетот, и давајќи поголема цена за акциите од онаа по која се тргувало на редовниот пазар.
Инаку, треба да се има предвид дека овие 19.500 акции кои беа продадени не се воопшто малку, односно претставуваат 4,99 отсто од вкупниот акционерски капитал на таа банка.
Ова е сосема малку понизок процент од оној со кој акционерот излегува во состојбата на Централниот депозитар за хартии од вредност, што значи дека ако купувачот е некој што досега немал акции, тој ќе успее да се скрие од јавноста, бидејќи нема да излезе неговото име.
Но, ако купувачот досега имал акции, тоа во понеделник идната недела ќе се види во акционерската листа објавена на ЦДХВ.
Во овој момент, согласно со вчерашната состојба, но пред да се случи блок трансакцијата, во Стопанска банка Битола како и досега, единствен акционер со над 5 отсто е „Пелистерка“, која поседува 16,99 отсто од акциите. Но, не е тајна дека „Пелистерка“, заедно со неа поврзаната компанија „Тимох“, поседуваат заедно 21,85 отсто од акциите на Стопанска банка Битола.
Она што е битно да се истакне за Стопанска банка Битола е дека таа лани „бриљираше“ со одличен финансиски резултат, наспроти загубата во претходната година. Добивката за 2024 година изнесува, за оваа банка одлични 2,65 милиони евра. Резултатот на банката е дијаметрално спротивен со претходната 2023 година кога Стопанска банка Битола завршила со загуба од 3 милиони евра.
А, треба да се спомене дека токму на почетокот на овој месец, најголемиот поединечен акционер на Стопанска банка Битола, компанијата Пелистерка, која заедно со неа поврзаната компанија во оваа битолска банка поседуваат 21,85 отсто од капиталот, се огласија со соопштение до медиумите, во кое децидно нагласуваат дека нивната банка не е на продажба. Оттаму тврдеа дека не постои никаква одлука од Акционерско собрание на банката за нејзина продажба.
„Како носители на 21,85 отсто од акциите на Стопанска банка АД Битола и во својство на квалификувани акционери сакаме да им укажеме на сите други помали акционери, севкупната македонска јавност како и на одредени засегнати страни дека банкарскиот пазар во Македонија е целосно регулиран преку Народна банкана Република Северна Македонија.
Сакаме да потенцираме дека секоја информација во однос на било каква трговија со акциите на Стопанска банка АД Битола, а поголема од 5 отсто мора да биде одобрена од Народна банка на Република Северна Македонија. Исто така секој потенцијален инвеститор кој има намера да се стекне со поголем дел од акциите, најпрво мора да добие одобрување од НБМ, па дури потоа да достави соодветна понуда до акционерите.
Секоја постапка како и евентуални преговори без следење на оваа законска регулатива и без вклученост на НБМ се во сферата на шпекулативни информации и дополнително укажуваме на постоење на основани сомневања за кривична одговорност. Како квалификувани акционери сакаме јавно да информираме дека до овој момент не постои одлука на Акционерско собрание за продажба на Стопанска банка АД Битола и никој не може да ја донесе истата без согласност на мнозинството акционери.
Апелираме до медиумите и засегнатите страни да се воздржат од пласирање на шпекулативни информации до оддржување на Акционерското собрание, бидејќи истите можат да предизвикаат штета на тековното работење на Стопанска банка АД Битола. Го охрабруваме Управниот одбор на Стопанска банка АД Битола да свика Акционерско собрание со цел да ја усвоиме завршната сметка која укажува на одличните резултати на банката“, се вели во соопштението кое го испрати Пелистерка заедно со Тимох, кои заеднички поседуваат близу 22 отсто од акциите“, беше нагласено во тогашното соопштение од најголемиот акционер на банката.
Како што е познато, своевремено имаше обид Комерцијална банка да ја преземе Стопанска Битола, но тој не успеа.
Н.Н.Ф.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





