МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Доаѓа невреме во Македонија!
Објавено во: Македонија 17 Април, 2025 09:02
Во следните 24 часа од Медитеранот кон нашата Република Македонија ќе помине влажна и нестабилна воздушна маса која ќе услови зголемување на облачноста и локални врнежи од дожд, локално и особено во западните предели поројни и проследени со грмежи, локално во вид на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер (над 60 км/час) електрични празнења и со услови за појава на град, предупредува метеорологот Славчо Попоски.
Според прогнозата, ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.
„И во делови од Скопскиот регион во следните 24 часа ќе има повремен локален дожд, кој повремено би можел да биде пороен и проследен со грмежи. Повремено ќе дува засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.
Што се однесува до температурите, тие остануваат без поголеми промени и ќе бидат релативно високи и ќе биде пролетно топло, меѓутоа поради јужното воздушнои струење и Сахарската прашина и песок која е присутна во воздухот, времето ќе биде мачно и спарно, а температурите ќе ги чувствуваме како да се повисоки од реално измерените.
Апелирам, во случај на појава на невреме и на електрични празнења, граѓаните да бидат повнимателни, односно да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја, а во случај на појава на силен ветер, истите да ги заштитат своите автомобили, односно, да не ги ставаат во близина на дрвјата“, вели тој.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




