18 Декември, 2025
0.0537

Инвеститор го купи земјиштето на ски центарот Кожуф за 2,5 милиони евра

Објавено во: Економија 17 Април, 2025 12:06

Добивај вести на Viber

Инвеститор во стечајна постапка за 2,5 милиони евра го купи земјиштето на ски центарот „Кожуф“, кој е девет години во стечај.

Во информација објавена на Централен регистар пишува дека на 10 април Основен суд Велес донел решение со кое Собранието на доверители ја прифатило понудата на Елдорадо Инвест Тим.

Оваа фирма е капитално поврзана, односно во сопственост на ВСЕ Инвест Тим од Гевгелија. Фирмата е основана во октомври лани, а директор е Глигор Беловинов.

Купено е земјиште со површина од 451.810 метри квадратни, за сума од 157 милиони денари без ДДВ преку јавен оглас за електронска продажба на имот без утврдена почетна цена од февруари годинава.

Неофицијално, станува збор за инвеститор со македонско потекло од гевгелиско-виничкиот крај кој долги години живее во Германија. Неговата инвестиција во ски-центарот би ја здружил во заеднички конзорциум со инвеститорот кој пред две години ја купи опремата  од ски центарот кој има голем потенцијал.

„Елтех“ Дооел Скопје е фирмата која за 21,5 милиони денари (350.000 евра), го купи движниот имот, односно опремата на ски-центарот Кожуф во стечајна постапка, иако истиот според официјалните проценки вредел 174 милиони денари, или осум пати повеќе. Се купија ски лифтовите, жичарницата и механизацијата.

Со рестартирањето на опремата и со купување на недвижниот имот се исполнети условите за рестартирање на центарот, но за тоа, како што велат упатените, е потребно и да се направи разрушениот пат од страна на државата.

Ски-центарот Кожуф е девет години во стечај, а инвестицијата која беше повеќемилионска не се реализираше најмногу поради тоа што патот никогаш не се направи онака како што треба. Со мнозинство гласови од присутните доверители со 86 отсто „за“, пред две години се прифати понудата за продажба на скијачкиот дел, движниот имот на стечајниот должник. Тоа беше прва конкретна понуда за купување на имот од некогашната амбициозна приватна инвестиција.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?