19 Декември, 2025
0.0475

И членовите во управни одбори ќе плаќаат придонеси!

Објавено во: Економија 27 Мај, 2013 07:47

Добивај вести на Viber

Министерството за финансии го менува Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување. Новите измени предвидуваат придонеси да плаќаат и извршни членови на одбор на директори, на управни одбори како и управители во фирми. Според анализата на Министерството за финансии, од  вкупно 58.672 управители во земјава, 18% немале М1 образец, или воопшто не биле вработени во фирмата со која управувале, ниту пак во било која друга фирма. Слична е состојбата и со одборите на директори но и членовите во управни одбори, па така, од 386 извршни членови на одбор на директори, близу 20% немале М1 образец, додека од 820 членови на управен одбор, 35 % не биле социјално осигурани. Според постоечкиот Закон ова е дозволено, бидејќи истите работат согласно договор за управување и не се обврзници за плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување. Со измените, пак, истите задолжително мора да плаќаат придонеси за пензиско, инвалидско и здравствено осигурување. Измените на Законото предвидуваат, основица за пресметка и плаќање на придонеси да биде, плата, дополнителни примања, колективен договор и договор за вработување. Кои се се обврзници за плаќање придонеси од пензиско и инвалиско осигурување? Според Закон, обврзници за плаќање придонеси се вработени во фирми, самовработени лица, основачи на земјоделски стопанства, верски службени лица, привремено невработени, самостојни уметници, врвни спортисти и странци кои во Македонија имаат воспоставено работен однос. Основицата за пресметка и плаќање на придонеси се определува според платата од работен однос, плата од скратено работно време или од дополнитени примања. „За носителите на семејни земјоделски стопанства основицата изнесува 20% од просечно исплатената месечна плата по работник во земјава објавена во јануари во тековната година според податоците на Државниот завод за статистика. За верските лица, социјалните случаи како и самовработените лица во првата година од работењето, основицата изнесува  50% од просечно исплатената месечна плата по работник во земјава“, пишува во предлог измените на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување. С.Н.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар