И дирекцијата на АД „Македонска пошта“ сака бифе со џабе-цени
Објавено во: Економија 19 Септември, 2018
Дирекцијата на „Македонска пошта“ е следна јавна институција која која сака да отвори бифе со екстремно ниски цени за вработените.
Максималните цени се посебно нагласени во ценовникот во огласот за закуп на површина од 11,86 м2 на приземје во рамки на дирекцијата на булевар Орце Николов во Скопје.
Турското кафе треба да биде само 15 денари, чајот не повеќе од 20 денари, а и останатите цени се во рамки на „подобро да го купиш, отколку да го направиш“.