30 Април, 2024
0.0305

И „Македонска пошта“ ќе си отвори супер-евтино бифе

Објавено во: Економија 19 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

„Македонска пошта“ објави оглас за закупна просторија за служење на вработените со кафе и пијалоци во самата дирекција. Условот е цените да бидат можеби, најниски во цела Македонија.

Државните институции, јавните претпријатија, синдикатите се едни од местата каде има супер-евтини свртилишта за пауза каде вработените се служени за малку пари. Сличен е огласот на Македонска пошта и сега. Во него стои во детали „ценовникот“ до кој закупецот ќе мора строго да се придржува, а исто така ќе мора да ги има тие „производи“ на менито.

Така, турско кафе ќе мора да им вари на службениците за само 15 денари, а од другите кафиња со минимални цени се и кратко експресо со 25 денари и мало макијато за 30 денари. Големото експресо и големото макијато се за пет денари поскапи. Од другите пијалоци, негазираната вода треба да биде 25 денари, односно иста цена да ја купува од уличен киоск, а исто и газираните и негазираните сокови треба да бидат до 35 денари. Чајот мора да се вари за 20 денари. Не е позанато дали „претприемачот“ ќе може да понуди и нешто друго на менито.

Станува збор за просторија површинанаприземјеод 11,86 м2 во рамките на самата дирекција, месечна закупнина без ДДВ е 4.164 денари за проценета вредност  на локалот од нешто помалку од 14.000 евра, но истата според правилата на огласот може да достигне и двојно помала сума . Огласот е објавен во понеделникот, а аукцијата на 28 септември.

Може да биде издаден под закуп на правни и физички лица (домашни и странски) на определено време од 3 (три) години. За сметките за струја, вода и телефон е утврден паушален надоместок од 2 евра по м², кој ќе биде на товар на закупецот.

Намалувањето на вкупната почетна цена на деловниот простор во текот на наддавањето може да изнесува најмногу до 30% од утврдената пазарна вредност на деловниот простор, без разлика колку понудувачи се јавиле на јавното наддавање. Доколку станува збор за објава по втор пат, проценетата вредност не месечната закупнина на деловниот простор може да биде намалена најмногу до 30% доколку на јавното наддавање се пријави само еден заинтересиран учесник, односно до 50% доколку се пријавиле двајца или повеќе учесници

Александар Кузмановски

Можеби ќе ве интересира

Вработените на ФЗО излегоа на протест

Вработените на ФЗО излегоа на протест

КОИ СЕ СКРОМНИТЕ АКЦИОНЕРИ КОИ ЌЕ ЈА ЧУВААТ И РЕИНВЕСТИРААТ ЛАНСКАТА ДОБИВКА ОД ДВА МИЛИОНИ ЕВРА - еве колкава дивиденда ќе дели „Фершпед“

КОИ СЕ СКРОМНИТЕ АКЦИОНЕРИ КОИ ЌЕ ЈА ЧУВААТ И РЕИНВЕСТИРААТ ЛАНСКАТА ДОБИВКА ОД ДВА МИЛИОНИ ЕВРА - еве колкава дивиденда ќе дели „Фершпед“

ЌЕ ИМА ЛИ ДОБАР БИЗНИС: Кој ќе го снабдува Чаир со парно греење?

ЌЕ ИМА ЛИ ДОБАР БИЗНИС: Кој ќе го снабдува Чаир со парно греење?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

Економски часовник: Клучни информации од Форумот за развој на Кина 2024 година

Економски часовник: Клучни информации од Форумот за развој на Кина 2024 година

Новиот енергетски сектор во Кина е катализатор за создавање работни места на глобално ниво

Новиот енергетски сектор во Кина е катализатор за создавање работни места на глобално ниво

ДОЛАР СО ГРЕШКА ВРЕДИ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Милиони вакви банкноти кружат, потрагата не запира, но досега се откриени само 18

ДОЛАР СО ГРЕШКА ВРЕДИ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Милиони вакви банкноти кружат, потрагата не запира, но досега се откриени само 18

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време