15 Мај, 2024
0.0294

И МЕДИУМИТЕ БИЛЕ КРИВИ ЗА „ЛЕВ ТАХОР“: Поведена постапка за заштита од дискриминација

Објавено во: Македонија 18 Февруари, 2022

Добивај вести на Viber

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) поведе постапка за заштита од дискриминација на верската групата „Лев Тахор“. Предметот, како што соопштија од Комисијата, се води по основ на потекло, религиско и верско уверување во областа на пристапот до добра и услуги.

Комисијата соопшти дека веќе направиле увид и се сретнале со претставник на групата „Лев Тахор“, при што биле утврдени неколку прекршувања на Законот за спречување и заштита од дискриминација.

-КСЗД ќе испрати барање за изјаснување до потенцијалните дискриминатори и со тоа, товарот за докажување ќе го префрли кон овие лица. Во случај потенцијалните дискриминатори да не го докажат спротивното, КСЗД ќе утврди дискриминација и доколку не биде постапено по препораките ќе поведе прекршочна постапка пред надлежен суд, посочуваат во соопштение.

КСЗД, како што се наведува во соопштението, ги следеше и известувањата на медиумите, како и излагањата на невладините организации по повод настаните во Куманово, а по извршениот увид, констатираше дека првенствено немало физички напад од граѓаните кон групата, туку лажна информација била проширена од страна на медиумите.

Комисијата смета дека одредени медиуми пред да пласираат вест да направат сопствено истражување, со што ќе спречат ширење лажни вести за природата на групата и за случувањата во Куманово. Од Комисијата потенцираат дека со непроверените информации нанесуваат дополнителна штета на групата, погрешно ја информираат јавноста и ги зацврстуваат дискриминаторските практики во нашето општество.

-Медиумите кои се интересираат за темата да се насочат кон истражување на делата на потенцијалните дискриминатори и со тоа да го преместат фокусот кон оние кои дискриминираат. Претставниците на невладините организации кои го следат случајот, да бидат свесни за сензитивноста на ситуацијата и да не реагираат врз основа на пласираните лажни информации. Со таквото однесување само ги зацврстуваат стереотипите и предрасудите помеѓу граѓаните, појаснуваат во соопштението.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Медицинскиот директор на Токсикологија е разрешен

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Медицинскиот директор на Токсикологија е разрешен

ТРАЈАНОВ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе обезбеди 63 – 64 пратеници

ТРАЈАНОВ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе обезбеди 63 – 64 пратеници

ФУНКЦИОНЕР НА НАТО: Северна Македонија во НАТО влезе под уставното име и тоа е името под кое се претставува

ФУНКЦИОНЕР НА НАТО: Северна Македонија во НАТО влезе под уставното име и тоа е името под кое се претставува

OСМАНИ СО АМБАСАДОРИТЕ: Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес

OСМАНИ СО АМБАСАДОРИТЕ: Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес

OJO ЗА УБИСТВОТО ВО СТАЈКОВЦИ: Eдно лице ги убило сопствениот брат и сопругата на другиот брат

OJO ЗА УБИСТВОТО ВО СТАЈКОВЦИ: Eдно лице ги убило сопствениот брат и сопругата на другиот брат

ПОСВОЕНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ КОИ ИМ СЕ РОДИТЕЛИ: Дали пресудата од Стразбур во корист на Митровска ќе го смени Законот за семејство?

ПОСВОЕНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ КОИ ИМ СЕ РОДИТЕЛИ: Дали пресудата од Стразбур во корист на Митровска ќе го смени Законот за семејство?

ТРАГЕДИЈА: Двојно убиство го потресе Стајковци

ТРАГЕДИЈА: Двојно убиство го потресе Стајковци

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ПРЕСЕЧЕ - разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ПРЕСЕЧЕ - разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски

ПОВЕЌЕ НАРЕДБИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРИЧИНИТЕ ЗА СМРТТА НА БЕБЕТО ОД ВЕВЧАНИ: ОЈО прибира докази, земени се документите од „Св Еразмо“

ПОВЕЌЕ НАРЕДБИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРИЧИНИТЕ ЗА СМРТТА НА БЕБЕТО ОД ВЕВЧАНИ: ОЈО прибира докази, земени се документите од „Св Еразмо“