ЌЕ СЕ ОЛЕСНУВА ПРОЦЕСОТ ЗА ЕКСПРОПРИЈАЦИЈА – се менува законот, се планира „привремено заземање на земјиште“
Објавено во: Економија 12 Декември, 2025 07:43
Во иднина ќе може да се заземе имот од сопствениците поради изведување на активности на парцелата за градење на линиски инфраструктруни градби. Ова е предвидено со измените на Законот за експропријација, на предлог на двајца пратеници Петар Ристески и Тони Јаревски од редовите на владејачката партија. Како што е посочено основна цел на оваа измена е појаснување на одредбите од самиот закон кои ќе влијаат позитивно во однос на самата негова примена, како и доусогласување на дел од одредбите со прописите од областа на урбанистичкото планирање.
Според предлагачите, привременото заземање би траело 2 години, но исто така се остава можност да се пролонгира тој рок.
- Во Законот за експропријација се додава нова алинеја која гласи: „привремено заземање на земјиште заради изведување на земјишни работи поврзани со градење на линиски инфраструктурни градби“. Привремено заземање на земјиште се врши заради изведување на земјишни работи како ископи и насипи, поврзани со градење и изведување на линиски инфраструктурни градби. Привременото заземање на земјиштетоможе да трае за временски период до две години, со можност за продолжување на рокот до завршување на изградбата односно изведувањето на линиските инфраструктурни градби, врз основа на образложен предлог на предлагачот на експропријацијата – пишува во предлогот за измени на законот.
Во предлог измените е посоечно дека со постојната регулатива одредби од Законот за експропријација не се во целост усогласени со Законот за урбанистичко планирање. Ова се однесува на делот при предавање на недвижноста во владение, самиот акт со кој се врши предавање на недвижноста треба да биде нотиран во катастарот на недвижностите со што би се овозможила поголема транспарентност во процесот на експропријација. Исто така е посочено дека со предложените промени во делот на поништување на правосилно решение за експропријација и раскинување на спогодба постигната во постапката за експропријација, се обезбедува правна можност преку поништувањето на правосилното решение односно раскинувањето на спогодбата за експропријација, да се изврши враќање на експроприраната недвижност на претходниот сопственик.
- Со измените исто така се допрецизираат доказите за обезбедени средства за надоместок за експроприраната недвижност, како и доказите кои се доставуваат кон предлогот за експропријација за експлоатација на минерални суровини. Со ова законско решение се остава можноста слободно, без никакви правни пречки да биде во правен промет и да се вршат промени во однос на делот од недвижноста која е надвор од опфатот за експропријација – се појаснува во законското решение.
Според законот за градење линиски инфраструктурни градби се јавен пат, железничка инфраструктура, далновод, нафтовод, продуктовод, гасовод, топловод, водовод, канализација, телекомуникациски водови и други објекти, кои можат да бидат надземени или подземни и чија изградба претставува јавен интерес утврден со закон.
Дали овие законски измени кои веќе се пред народните избраници ќе значат олеснување на патот за реализација на големи проекти, останува да видиме.
П.О.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ВО ЗЕМЈАВА ИМА 80 ИЛЈАДИ АКТИВНИ КОМПАНИИ: Расте бројот на отворени бизниси
ДОМА, ВО РЕСТОРАН ИЛИ НА ПАТУВАЊЕ: Колку пари планираат да потрошат граѓаните за Нова година?
Ќе се изгради ли конечно „вечниот“ далновод со Албанија? Се пријави „Далековод“, не се знае колку пари се потрошени досега
Ненајавена рација во европските канцеларии на „Тему“
ВО КОМПАНИЈА ВО МАКЕДОНИЈА Е ВОВЕДЕНА ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Професорот Јовевски вели ќе мора да се скрати и работното време
Два дена работа, два одмор и плата од 900 евра - сепак Босанец не може да најде работници
Зголемен е бројот на германски туристи во Македонија, Србите сега се на трето место
Истражување на Центарот за граѓански комуникации: Многу македонски јавни претпријатија работат со загуба




