07 Декември, 2025
0.1434

И новата локална власт на Прилеп продолжува да носи ултра-фолкери на Пиво-фест

Објавено во: Стил 23 Јуни, 2018 16:51

Добивај вести на Viber

И новата локална власт на општина Прилеп продолжува да ангажира ултра-фолкери od соседството за настап на Пиво фест ова лето, иако претходните години се подбиваше со владеењето на поранешниот градоначалник Марјан Ристески дека плаќа скапи хонорари за кич-музика и настапи.

Шабан Шаулиќ е ултра-фолкерот кој ќе настапи ова лето на Пивофест во Прилеп, заедно со Жељко Јоксимовиќ,  Дарио,  Црвена јабука, Џенан Лончаревиќ.

Актуелниот градоначалник Илија Јованоски не ги кажуваат хонорарите што ќе ги добијат турбо фолк ѕвездите од Балканот и за „Независен“ рекол само дека греота е да се прекине традицијата.

За четири дена забава, според финансиската конструкција на организаторот, ќе бидат потрошени од 150 до 200 илјади евра. Прилеп од касата ќе извади нешто над 40 илјади евра општински пари, другото се собира од компаниите како спонзорства и донации.

Пивофест ќе почне на 12, а ќе заврши на 15 јули. До сега таму пееја речиси сите турбо фолк ѕвезди од Балканот како Цеца, Халид Бешлиќ, Саша Ковачевиќ, Аца Лукас. Манифестацијата има многу приврзаници но и многу критичари кои сметаат дека со турбо фолкот се претвора во панаѓур..


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: