17 Мај, 2024
0.0295

И НОВАТА МУТАЦИЈА НА ВИРУСОТ ВЕРОЈАТНО ЌЕ НИ ПРИСТИГНЕ ОД ИТАЛИЈА: Токсикологот Беќаровски смета дека можеби веќе го имаме во Македонија

Објавено во: Македонија 22 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

-Се смета дека околу 4.000 мутации веќе се случиле, а некои се посилни од оригиналниот вирус. Оваа мутација се појавила најверојатно во август-септември. Во Лондон постепено овој вирус се пренесувал од еден на друг и го истиснувал претходниот вирус. Досега проценките беа дека 1 човек заразува максимум до 1.5 луѓе околу него. Колку поголема количина исфрлена аеросоли од организмот, толку поголема опасност од зараза, истакна токсикологот, проф.д-р. Нико Беќаровски во емисијата Студио 10 на ТВ 24.

Лично смета дека и новата мутацијата на корона вирусот, без разлика што сега најмногу е регистрирана во Велика Британија, кај нас ќе дојде од Италија, како што прв пат се појави во нашава земја во февруари.

-Колку што досега имам прочитано, новата мутација е потврдена и во Данска, Холандија и во Италија. Сметам дека и мутацијата на корона вирусот може да биде донесена во Македонија од Италија, посебно заради тоа што сега оттаму се враќаат иселениците за претстојните празници. Инаку, мутацијата најверојатно се случила во август-септември. Можеби веќе постои и во Македонија, но не може да го докажеме тоа, бидејќи за тоа е потребно исклучително скапи лаборатории. Има доста пациенти со тешка клиничка слика што доаѓаат кај нас, а вирусот не се детектира со тестовите, прашање е дали постојните тестови ќе може да ја детектираат и оваа мутација. Мутираниот вирус веројатно го има и во Македонија. Претпоставките се дека ПЦР тестот овој вирус ќе може да го излаже и најверојатно ќе имаме повеќе лажни негативни тестови. Сите вакцини таргетираат неколку цели на истиот протеин, не може да се зафатат сите таргетни единици. Може да се случи да се има пократкотраен имунитет, но сигурно ќе постои имунитет. Се створи голема фама за вакцините, виновни сме и ние лекарите. Во оваа епидемија има луѓе што многу се збогатија и во нивен интерес е ова да трае, се трудат да има во јавност шпекулации. Досега 4 вакцини се направија и сите створија очекувани алергиски реакции и ништо повеќе од тоа. Првите знаци се оптимистички, истакна д-р. Беќаровски. 


Можеби ќе ве интересира

„ВМРОИДИТЕ СИ КУПИЛЕ ЧЕТВОРИЦА ПРАТЕНИЦИ НА КВАНТАШКИ“: Се огласи Апасиев за тоа што ВМРО-ДПМНЕ обезбедија 61 пратеник

„ВМРОИДИТЕ СИ КУПИЛЕ ЧЕТВОРИЦА ПРАТЕНИЦИ НА КВАНТАШКИ“: Се огласи Апасиев за тоа што ВМРО-ДПМНЕ обезбедија 61 пратеник

СЕ АПЕЛИРА НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

СЕ АПЕЛИРА НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?