03 Мај, 2024
0.0276

И Охридска банка во добивка! Како ја совлада „корона кризата“?

Објавено во: Економија 31 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Во услови на корона криза Охридска банка значајно го зголеми кредитирањето. Нивото на кредитни пласмани на 30 јуни годинава изнесува половина милијарда евра и тоа е за 31 милиони евра повеќе од состојбата на крајот на 2019 година. Во услови на намалена општа економска активност пад на нето приходите од камати, од провизии и надоместоци и останати приходи од дејноста банката успеа полугодието да го заврши со добивка од 2,5 милиони евра

Петтата најголема деловна банка во земјава, Охридска банка (дел од групацијата на Шпаркассе во земјава н.з.) во првата половина од годинава прокнижи добивка од 2,5 милиони евра. И покрај тоа што добивката на полугодие е за 2 милиони евра пониска од профитот во истиот период лани ова е одличен резултат во услови на намалена економска активност предизвика од корона кризата. 

Најголемиот извор на приходи – нето приходите од камати за првото полугодие изнесуваат 8,5 милиони евра и се за неполни 7 отсто пониски од истиот период лани. Втората најзначајна приходна ставка се нето приходите од провизии и надоместоци и тие, како први на урад на снижената економска активност, се пониски за 17 отсто од лани и на банката и донеле 2,3 милиони евра. Иако мала ставка нето приходите од курсни разлики донеле 943.000 евра и се значајни приходи и покрај тоа што во однос на лани се пониски за 21,5 отсто. Најголемо негативно влијание врз добивката на банката има големиот пад на останатите оперативни приходи од дејноста. Имено, тие годинава изнесуваат 343.000 евра, а лани за првото полугодие биле над 1 милион евра.

Позитивно и охрабрувачки за акционерите е тоа што во услови на зголемена кредитна активност, банката нема загуба заради оштетување нефинансиски средства и резервациите се речиси идентични како и истиот период лани – изнесуваат 3,3 милиони евра.

Кредитирањето на банката за првата половина од годинава изнесува 500 милиони евра и е за 31 милион евра повеќе од крајот на декември лани. Во кредитното портфолио најголемо учество имаат потрошувачките кредити со 41 отсто пред станбените кредити со 40,6 отсто и хипотекарните кредити со 10 отсто.

Во овој период депозитите на депонентите се намалени за 25,6 милиони евра и изнесуваат 461,2 милиони евра. Тоа е резултат на намалувањето кај корпоративните депозити кои се за 30 милиони евра пониски од нивниот износ на крајот на ланската година. Депозитите на домаќинствата во вкупната структура за истиот период се зголемени за 4 милиони евра. 


Можеби ќе ве интересира

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен