И Пендаровски би се иселил од земјава да не е претседател
Објавено во: Македонија 23 Ноември, 2019 14:49
Шансата да се задржат младите во регионот е доколку Западен Балкан почне да ги користи своите ресурси и да продолжи со регионални автономни иницијативи и да создаде нешто како мала ЕУ, вели претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски.
Тој од Форумот за млади лидери во Нови Сад истакна дека на младите во регионот не им била дадена шанса и дека имаат право да одат и да бараат работа во светот, ако политичарите не им дадат соодветна перспектива.
„Тие имаат само еден живот, сите ние имаме само еден живот, и никој не е луд да го троши додека преговорите со ЕУ траат со години, при што просечната плата во мојата земја е 400 евра. Да не бев претседател, и јас ќе се иселев од мојата земја“, рече Пендаровски.
Ова го искористи опозицијта за веднаш да ја искритикува Владата.
„Да блескавме како економија и држава како што тврди Зоран Заев и Владата, немаше и Стево Пендаровски да сака да се исели од Македонија. Попусти се сите фингирани бројки од владата кои со розови очила ја гледаат црната реалност“, велат од ВМРО-ДПМНЕ во своето писмено соопштение.
Најголемиот доказ, според нив, дека Македонија оди во погрешен правец со Заев и СДСМ, го дал претседателот Стево Пендаровски од Белград, кој јавно на регионален форум во Нови Сад кажа дека и тој ако не би бил претседател на државата би се иселил.
„Не мисли само Пендаровски да се иселува. Со оваа влада се иселија илјадници млади луѓе. Полни се автобусите и аеродромите со млади со карти во еден правец. Иселувањето е последица на презадолженост на државата, со јавен долг од над 5.4 милијарди евра, високите даноци, нефункционалниот правен систем, непотизмот, криминалот и корупцијата единствена опција за младите е да се иселуваат“, велат од опозициската партија.
Можеби ќе ве интересира
Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани
„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро




