20 Декември, 2025
0.3859

И поевтино и еколошки – Клинички центар ќе се грее на гас

Објавено во: Мои пари 10 Ноември, 2013 21:21

Добивај вести на Viber

Клиничкиот центар „Мајка Тереза“-Скопје, од денеска ќе се грее на гас. Завршено е поставувањето на гасификациска мрежа од речиси 1,5 километри и сите клиники се опфатени со гасификацијата преку централната котларница.  Инвестицијата која чини 450 илјади евра беше обезбедена од Министерството и од буџетите на клиниките, додека градежните работи ги изведе ГАМА. Според министерот за здравство, Никола Тодоров ова е капитална инвестиција која е многу значајна како за заштита на здравјето на граѓаните, така и за поекономично работење. „Завршува една ера на енормно загадување на Центарот, но и на целиот град, имајќи предвид дека во зимските денови тука во Клиничкиот центар трошевме 20 тони мазут дневно или околу 4.000 тони годишно и испуштавме во воздухот околу 100 тони сулфур диоксид годишно. Ова беше еден од главните извори на загадување на центарот, но и пошироко во градот Скопје“, рече Тодоров. Тој потсети дека над 50 години ова беше начин на затоплување во Клиничкиот центар, но со гасификацијата додаде Тодоров, отсега сега клиниките ќе имаат пониски цени за затоплување и трошоците за загревање на објектите во Клиничкиот центар. проценките се заштедата да биде околу 40 проценти. Топланата на Клинички центар беше голем проблем, но и повод за протести на еколошките здруженија изминатиов период.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии