И премиерот Заев им честиташе на фудбалерите
Објавено во: Македонија 11 Октомври, 2019
Премиерот Зоран Заев им ја честиташе победата против Словенија на македонските фудбалери. Преку својот фејсбук профил тој им посака одличната игра да ја повторат и против Полска за три дена отсега.
„Одличен натпревар момци, на чекор поблиску до пласман на Европското првенство. Продожете храбро и против Полска во недела“, напиша премиерот Зоран Заев.
Синоќа на Националната арена „Тоше Проески“ пред речиси 20.000 гледачи, македонската фудбалска репрезентација целосно го надигра својот соперник и заслужено ги освои трите бода, со што ги задржа шансите за освојување на едно од првите две места, кои носат директен пласман на следното европско првенство.