И ТРЕТ РУДАР ПРОНАЈДЕН МРТОВ ВО ФАТАЛНАТА НЕСРЕЌА ВО СЛОВЕНИЈА: Стотици тони тиња го поплавија рудникот на Холдинг Словенске електроне
Објавено во: Балкан 22 Јануари, 2025 21:28
Спасувачките екипи денеска пронајдоа третото тело на рударot кој загина во несреќа што се случи завчера во рудник во Велење, Словенија, јавија словенечките медиуми.
Стотици тони тиња прексиноќа влегоа во тунелите на рудникот во сопственост на државната компанија Холдинг Словенске електроне. Во моментот на поплавата во рудникот работеле 14 рудари.
Причината за несреќата се уште не е утврдена, но рударските инспектори го истражуваат објектот. Производството во рудникот е прекинато и ќе продолжи по завршувањето на спасувачката операција, изјави вчера премиерот Роберт Голоб.
Рудникот главно ја снабдува со јаглен термоелектраната Шоштањ и ова е прва фатална несреќа во словенечки рудник откако двајца рудари загинаа во 2003 година.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПАДНА ВЛАДАТА НА РОСЕН ЖЕЛЈАСКОВ: По масовните протести, бугарската влада си поднесе оставка
Вучиќ ќе се враќа на премиерското столче? „Немам намера да менувам Устав, но...“
Нафтената компанија од Абу Даби со понудата за купување на рускиот удел во НИС
ПОВТОРНО БЛОКАДА ВО ГРЦИЈА: Еве кој период ќе бидат затворени граничните премини
Албанија ќе отвори уште 20 прифатни центри за мигранти
АВИОН ИЗЛЕТА ОД ПИСТАТА ВО ИСТАНБУЛ - патниците се безбедни, но пистата останува затворена (ВИДЕО)
ХАОС НА КРИТ И НИЗ ЦЕЛА ГРЦИЈА: Земјоделците блокираат аеродроми, патишта и пристаништа, еден полицаец е повреден
„ДУРИ 51 МЕСТО ВО СРБИЈА НЕМААТ АЛТЕРНАТИВА“: Хандановиќ за бензинските пумпи на НИС
(ВИДЕО) Лудиот план на Кина на Балканот: Пробивање канал низ Србија и Македонија




