ПОВТОРНО БЛОКАДА ВО ГРЦИЈА: Еве кој период ќе бидат затворени граничните премини
Објавено во: Македонија, Балкан 10 Декември, 2025 09:12
Во периодот од 12 до 16 и од 18 до 22 часот по локално време се очекува и денеска грчките земјоделци да го блокираат граничниот премин Евзони за влез и излез од Грција кон нашата земја, со што целосно ќе биде во прекин сообраќајот со исклучок на камионите со грчки производи, додека пак низ целата земја поставени се над 50 блока, јави дописничката на МИА од Атина.
На граничниот премин Евзони, паркирани се над 300 трактори, а веќе десет дена грчките земјоделци периодично го затвораат за сообраќај.
Блокови се поставени и на другите гранични премини, на Ники (Меџитлија) кон Македонија, каде што секојдневно се одлучува дали и на колку време ќе се блокира сообраќајот, на Промахноас и Орменио кон Бугарија и на Кипи кон Турција забраната се однесува само на камиони.

Главниот блок на земјоделците е во централна Грција, кај Никеа, во близина на Лариса на автопатот Солун – Атина, каде што сообраќајот се одвива по споредни патишта, а за денеска најавен е протест во градот Волос и блокада на пристаништето.
Комитетот надлежен за земјоделските блокадите низ цела Грција, за сабота закажа нов состанок на кој ќе се донесе одлука за следните чекори.
Протестите на земјоделците започнаа на 30 ноември, поради зголемените трошоци за производство и ниските цени за продажба на нивните производи, поради скандалот со европските земјоделски субвенции, а бараат и исплатата на заостанатите субвенции.
Блокади се поставени на низа автопати и локални патишта низ цела Грција, со што отежнат е сообраќајот и се одвива по споредни улици.
Вчера, како што објави МИА, обвинителот од Врховниот суд на Грција, Константинос Ѕавелас побарал, обвинителите во целата земја со помош на надлежните полициски органи да интервенираат во случаите кога се вршат кривични дела што се гонат по службена должност во однос на земјоделските блокади и доколку со тоа се нарушува безбедноста во сообраќајот.
Фото:МИА
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Жерновски: Mигрантите ќе се движат слободно низ државата
Кацарска: Кој го намести Мицкоски за изјавите за пензиите?
Денеска продолжува судењето за пожарот во „Пулс“ во Кочани
ВО МИНАТОТО МАКЕДОНСКОТО ДОМАЌИНСТВО ВО ПРОСЕК БРОЕЛО 5, А ДЕНЕС 3 ЧЛЕНА: Ова е податок што треба да нѐ загрижува
„ИНАКУ, 20.000 ФУНТИ СЕ ОКОЛУ 2.000 ПРЕКРШОЦИ ОД ПО 51 КИЛОМЕТАР НА ЧАС“: Макрадули вели, наместо мигранти, да се намали брзината за казни на 25/26
„ВРЕМЕ Е БУГАРИТЕ ДА СЕ ВНЕСАТ ВО УСТАВОТ“: Најчевска вели тоа да е во замена за почеток на разговори за штетите од Бугарија од Втората светска војна
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ниту еден бегалски шатор нема да има, СДСМ ја отвори петицијата
СДСМ ја отвори онлајн петицијата за мигрантите, граѓаните се потпишуваат
Коцевски за анкетната комисија: Tреба многу да се внимава за да не се компромитираат докази и сведоци





