Добивај вести на Viber
Како што јавува АМСМ во редовниот утрински извештај, поради блокада на граничните премини Блаце и Јажинце од македонските транспортери и понатаму е запрен сообраќајот за сите видови возилаи во двата правци. Според најавите од здружението на превозници, се пропуштаа само итните случаи. На останатите гранични премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.
По најавите за нормализирање на односите и запирање на трговската војан ана Македонија и Косово се очекува отстранување и на бликадите на граница.
Како што синоќа одлучи македонската Владата, мерката за условен увоз на брашно од странство во земјава ќе престане да важи на 15 септември на полноќ, за што веднаш била информирана владата на Косово.Од косовска страна пак стигнаа најави дека ембаргото ќе биде тргнато, а границата ќе се деблокира во сабота навечер.
Мерката за условен увоз на брашно беше повод Косово да воведе ембарго на дел од македонските производи, а по контра мерките и воведувањето такси за влез во Македонија на косовските жители, и целосно да го забрани увозот во Косово од Македонија.