19 Мај, 2024
0.0286

И во февруари имало раст на трошоците за живот

Објавено во: Економија 08 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Во февруари има пораст на трошоците на живот и на цените на мало. 

Тие во однос на јануари годинава пораснале за 0,1 отсто, а цените на мало останале исти. Во февруари годинава, во однос на февруари лани трошоците на живот се зголемени за 1,9 отсто, а цените на мало за 1,8 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Раст на трошоците на животот во февруари 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 2,7 проценти, свежиот и разладениот зеленчук освен компирите и другите коренести плодови, виното за 0,8 проценти, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.5 проценти, рибата и морските плодови, прехранбените производи, неспоменати на друго место за 0,3 проценти, лебот и житата, полномасното млеко за 0,2 проценти. Раст на трошоците на животот, имало и кај гасот за домаќинствата, моторните возила, информатичката опрема за обработка на податоците за 3,1 процент, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 1,4 проценти, медиумите за снимање за 0,9 проценти, снабдувањето со вода, накитот, часовниците и рачните часовници за 0,7 проценти, патниот патнички транспорт за 0,6 проценти, големите електрични апарати за домаќинствата, фармацевтските производи, градините, растенијата и цвеќињата за 0,5 проценти, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства, другите услуги за опрема за сопствен превоз за 0,4 проценти, мебелот и покуќнината за 0,3 проценти.

Намалување на трошоците на животот во февруари годинава во споредба со претходниот месец, е регистрирано кај минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук, жестоките пијалаци за 0,7 проценти, сирењето и урдата за 0,2 проценти. Пад има и кај течните горива за домаќинствата за 18,6 проценти, обувките за 2,3 проценти, собирањето на отпадните води за 1,2 проценти, ткаенините за изработка на облека за 0,5 проценти, облеката, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики, другите лични предмети за 0,4 проценти, малит електрични апарати за домаќинствата за 0,3 проценти, домашните миленици и сродните производи за 0,2 проценти.

Во светот храната поскапува. Во јануари, поскапеле и млекото и млечните производи и житарките за 1,7 односно 1,2 проценти, на месечно ниво.

Цените на храната се на највисоко ниво во последните шест и пол години.  Тие во февруари се зголемија деветти месец по ред, достигнувајќи го највисокото ниво од јули 2014 година. Зголемувањето се случи поради поскапувањето на шеќерот и растителните масла, информираше денеска Агенцијата за храна на Обединетите нации (ФАО).

foto freepik

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа