„И ВО ОВИЕ БОЛНИ МИГОВИ, НЕКОЈ УСПЕА ДА ГО ПОДЕЛИ НАРОДОТ“: без марш, само собир и почит кон настраданите - организаторите бараат правда за сите

Објавено во: Македонија 06 Април, 2025 18:33
Во „Паркот на револуцијата“ во Кочани денеска во 15 часот и 59 минути се одржа закажаниот протестен собир под мотото „Ваш профит – наши животи“.
Присутните граѓани, меѓу кои имаше роднини и пријатели на починатите во трагичниот пожар, како и на лицата од обезбедувањето во дискотеката „Пулс“, наместо планираниот марш, останаа на собирното место и им оддадоа почит на сите кои настрадаа. Наместо говор, ипратија писмено известување до јавноста.
- И во овие болни мигови, некој успеа да го подели народот. Јавно демантираме дека закажаниот протестен марш со мото „Ваш профит - наши животи“ е марш само за обезбедувањето! Сите ние имаме повредени или загинати роднини и пријатели! Сите мирни собири до сега беа за правда за прерано изгубените животи, за подршка на семејствата на повредените деца и за неправедно приведените членови за обезбедувањето. Револтирани сме сите од овој гнил систем! Стоп за селективна правда - се наведува во писменото известување.
Организаторите на собирот нагласија дека дополнително, преку социјалните мрежи и со известување до медиумите, ќе информираат дали протестните маршеви ќе продолжат и во нареднте денови.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски тврди дека не ги убил Вања и Панче и дека немал мотив за тоа
МИЦКОСКИ ОД ОАЕ: Го поканив претседателот да ја посети Македонија, а бизнис-заедницата да ги согледа можностите за инвестирање

(ВИДЕО) МЕРКО СЛАВИ РОДЕНДЕН: Наполни 68 години и објави каков подарок доби

(ВИДЕО) УШТЕ ЕДНО МОМЧЕ РАСКАЖА ШТО ПРЕЖИВЕАЛО ВО КОЧАНИ: Температурата внатре беше како во фурна

ШЕЕСЕТИНА ПОВРЕДЕНИ ОД ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ СЕ НА БОЛНИЧКО ЛЕКУВАЊЕ: Колку пациенти се во критична состојба?

МУЦУНСКИ: Крајно време е Македонија да ги почне преговорите со ЕУ

ПАЛЕВСКИ ТВРДИ ДЕКА ВО ТУРЦИЈА БИЛ ПОРАДИ ЗДРАВСТВЕН ПРОБЛЕМ: Сакал да оди и во воен архив поради Гоце Делчев

БУГАРСКИ МИНИСТЕР: Уставните измени и впишувањето на Бугарите во Уставот како државотворен народ не е единствениот услов
