Добивај вести на Viber
Поради големиот интерес Гурманскиот викенд со пиво „Пиволенд 2013“ ќе продолжи уште еден ден, стои во соопштението од Градот Скопје. Наместо манифестацијата за заврши вечерва, како што беше планирано, утре ( во понеделник, 16 септември) ќе има шеста вечер на „Пиволенд“.
На сите сцени на Пиволенд ќе има разновидна музичка програма. Посетителите на главната сцена ќе можат да ги видат Ареа, Паркети, Пука Козметика (Токсикологија Мјузик), Шутка Рома Рап, Фајтинг Виндмилс и ДЈ Тина, соопштија организаторите.
Поради дождот, годинава посетеноста на пиволенд беше релативно слаба, со икчучок на синоќа кога Скопското Кале беше полно со посетители.
На Пиволенд годинава се нудат повеќе видови пива од македонски производители, но и можност да се дегустираат германски, чешки како и пива од Англија. Покрај пивото кое чини од 70 до 200 денари, неизбежен дел од Пиволенд се и тезгите со скара.