26 Април, 2024
0.0312

И ЗНМ го осуди нападот врз новинарката Мирјана Мирчевска-Јовановиќ

Објавено во: Македонија 20 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Осуди за нцидентот за време на вчерашната манифестација по повод големиот христијански празник Богојавление-Водици во Скопје, во кој беше повредена новинарката Мирјана Мирчевска-Јовановиќ од Канал 5 телевизија денеска стигнаа и од Здружението на новинарите на Македонија 

– Бараме од Министерството за внатрешни работи веднаш да реагира и да спроведе итна истрага за инцидентот со идентификување на напаѓачот на новинарката, а потоа и да поднесе кривична пријава за насилство до Јавното обвинителство во Скопје за што ќе биде поведена соодветна постапка.  Освен ова, бараме од МВР да истражи дали и на други новинари и медиумски работници, присутни на настанот, им била повредена физичката безбедност како и правото слободно да известуваат пред јавноста, се наведува во денешното соопштение од ЗНМ.

Владата на Република Македонија во 2018 година, како што велат од ЗНМ, вети дека слободата на медиумите и на новинарите се главни приоритети  за кои таа ќе се залага и дека ќе има нулта толеранција кон насилството кон новинарите.

-Доколку власта сака искрено да испрати јасна порака дека нема да толерира нападни врз новинари мора веднаш да го истражи овој случај и остро да ги санкционира насилниците, се додава во соопштението од ЗНМ.


Можеби ќе ве интересира

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката