Иако ЕУ се побуни дека тоа е уцена, Русија може да го запре гасот и за други држави
Објавено во: Економија 27 Април, 2022
Можно е Русија да го запре рускиот гас и за други европски земји.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија, по Полска и Бугарија, би можела да ја стопира испораката на гас и за другите европски купувачи ако и тие одбијат да плаќаат во рубљи. Песков вели дека руското барање за плаќање на гасот во рубљи е резултат на западните санкции односно на замрзнувањето на рускиот имот.
„Западот го украде имотот на Русија во непријателска акција без преседан“, рече Песков.
Но, во ЕУ има поинакво мислење.
„Одлуката за прекин на испораките на руски гас на купувачите во Европа е инструмент за уцена“, кажа претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен.