06 Декември, 2025
0.0299

Ибица – Топ „парти“ дестинација во светот

Објавено во: Стил 05 Август, 2014 17:36

Добивај вести на Viber

Ибица е популарна светска туристичка дестинација позната по ноќните забави. Островот на кој журките траат од „јутра до сутра“. Дневно-ноќен рај за сите светски најдобри диџеи.

Ибица ви гарантира забава, одмор на сонце на преку 80 плажи долж островот, престој во луксузни хотели и вили, уживање во спортовите на вода секако луда забава во некој од светските познати клубови. Паша, Спејс, Ел Дивино, Амнезија...Ако меќтаете за добра забава тогаш сте на вистинското место, топ клубови, најдобри диџеи, свежи и возбудливи лица, познати личности кои ќе ви го направат одморот незаборавен.

Покрај добрата забава, голем дел од островот е регистриран од страна на ОН како светска градина и заштитен од кемерцијализација и развој. Посетет ја статуата на Исус, монографскиот музеј, катедралата Св. Марија, Далт Вила стариот дел од градот, доживејте незаборавно заоѓање или изгревање на сонцето во кафе барот Дел Мар на плажа...Пробајте ги сите водени спортови, тенис, пеинтбал, сурфање, параглајдинг, јавање.

Сепак, главна асоцијација на Ибица е секако познатиот ноќен живот. Раскошен и разнолик. Ги здружува младите од цел свет и сите оние кои се чувствуваат млади. Искористете го одморот на Ибица така што ќе посетите многу продавници и бутици на островот. Најголемата концентрација бутици на така мал простор. Посетете ги бутиците со квалитетна облека, парфеми, керамички производи, секси играчки, алкохолни пијалоци од Ибица, волшебни и несекојдневни сувенири...

Ибица дефинитвно ќе ве воодушеви во секој поглед и ќе ве натера таму да ја оставите и последната тронка сила играјќи до зори со најслободните и најатрактивните „клабери“ на светот.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: