24 Април, 2025
0.0351

„ИДЕЈАТА ЗА ОБЕДИНУВАЊЕ ВО ЕДНА ПАРТИЈА ПОСТОИ ОД ФОРМИРАЊЕТО НА КОАЛИЦИЈАТА“: Меџити контра Таравари

Објавено во: Македонија 08 Април, 2025 13:43

Добивај вести на Viber

Идејата за обединување на сите партии кои ја оформија коалицијата „Вреди“ во една партија постои од самотите почетоци на коалицијата. Ова го истакан денеска првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, кој е дел од коалицијата на албанскиот политички блок „Вреди“. 

Воедно Меџити истакна дека и лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари бил запознат со идејата за обединување на политичките партии од оава коалиција во една партија. 

Идејата за фузирање, како што истакна, била присутна уште од самиот почеток на коалицирањето, но се чекало соодветен момент за усогласување на политичките структури, идеите и програмите за да се направи следниот чекор кој формирање еден политички субјект.

- За волја на вистината г. Таравари е информиран за ова. Ние цело време зборуваме за тоа дали ВЛЕН (Вреди) треба да почне да се топи - од горе или од долу. Ние веќе имаме заедничка Кадровска комисија каде има член и Таравари и јас и другите. Исто така, Центарот за информирање функционира во рамки на ВЛЕН како заеднички. Ова беа првите чекори кон топење во еден политички субјект. Значи ова не е нова идеја, и ниту сакавме да го забрзаме процесот, ниту да оди во заборав. 

Со овие превирање каде Таравари јавно искажува дека има две опции, значи не се поставува како дел од коалицијата туку како партнер - може да преговара со ВЛЕН и со ДУИ. Во оваа ситуација, другиот дел од ВЛЕН оценивме дека е време да ги затвориме темите на мали политички партии и да го формираме ВЛЕН како алтернатива на Албанците, кој ги донесе промените на претходните избори и кој ќе ги предводи промените - изјави денеска Меџити.

На новинарско прашање дали е можна нова распределба на ресорите во Владата, бидејќи очигледно дека нема проблем во владината коалиција, туку  меѓу ВЛЕН и Таравари кој има пет пратеника, Меџити истакна дека е тоа прашање за Таравари.

- Ние во ВЛЕН сме унифицирани. Ова е прашање за Таравари. Таравари треба да пресече, дали е дел од ВЛЕН или е во преговори со ДУИ, и едно и друго не може. Преговори со ДУИ значи дека може да испорача и фактури од ДУИ, и тогаш ќе се коси со политиките на Владата, вели Меџити.

На инсистирање да одговори на тоа дали е прифатлива за ВЛЕН можноста Таравари да излезе од коалицијата, а да остане во Владата, тој повтори дека очекуваат прво да одговори Таравари, а потоа тие ќе се произнесат. 

- Јас го гледам како дел од ВЛЕН, само барам да рефлектира и да ги прекине преговорите со ДУИ оти нема смисла и да е дел од ВЛЕН и да има преговори со ДУИ. Инаку изјавите дека ако не се договори со ВЛЕН ќе излезе сам на изборите и некаде ќе соработува со ДУИ, а некаде со ВЛЕН, тоа го нема во политичката теорија, а ниту во пракса. Затоа барам уште еднаш со неговите партиски органи да ги преиспитаат овие изјави. Имаме пред себе владина програма, важни проекти за граѓани и треба што поскоро да се затворат овие дилеми и да чекориме заедно - истакна Меџити.

Според Меџити, Таравари бил надгласан од останатите субјекти во коалицијата во однос на неговиот предлог да се оди со посебни листи на локалните избори. 

Вели дека не е важно кој ќе биде лидер на новата политичка партија, туку концептот на ВЛЕН, а барање на гласачите е ВЛЕН, вели Меџити, да се обедини во еден политички субјект. 

- Мислам дека сме на добар пат, а кој ќе биде на раководните позиции, кој ќе биде претседател, секретар, тоа ќе го оставиме на процесот и органите, рече Меџити.

Таравари, кој предводи едно крило од Алијанса за Албанците и е дел од коалицијата „Влен“ вчера изјави дека нема добиено понуда од „Влен“ да се спојат во една партија.

- Досега не сме имале понуда од „Влен“ за да бидеме една партија. Ако имаме, ќе одлучиме, но ако тие веќе одлучиле, им го даваме името - нека го задржат името „Влен“. Ние ќе останеме пет пратеника од Алијанса и ќе продолжиме како пратеничка група, но отворени сме за соработка со сите - изјави Таравари, негирајќи дека имал разговори со опозициската ДУИ.

Можеби ќе ве интересира

ЈАКИМОВСКИ ТВРДИ: Се вршеле притисоци врз неговото семејство и соработници за да се изнуди изјава против него

ЈАКИМОВСКИ ТВРДИ: Се вршеле притисоци врз неговото семејство и соработници за да се изнуди изјава против него

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Стевчо Јакимовски осуден на три години и шест месеци затвор за бесправна изградба на објекти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Стевчо Јакимовски осуден на три години и шест месеци затвор за бесправна изградба на објекти

ПАЛЕВСКИ: Криминален ум би ја убил Зорица, а не Вања Ѓорчевска

ПАЛЕВСКИ: Криминален ум би ја убил Зорица, а не Вања Ѓорчевска

ЈАКИМОВСКИ ПО ПРЕСУДАТА: Ако мене како јавна личност, ми се случува ова, што ли се случува со кутрите луѓе низ судските лавиринти?

ЈАКИМОВСКИ ПО ПРЕСУДАТА: Ако мене како јавна личност, ми се случува ова, што ли се случува со кутрите луѓе низ судските лавиринти?

ТРЕБА ДА СЕ НАДОМЕСТИ И ШТЕТАТА НА БУЏЕТОТ: Стевчо Јакимовски доби затворска казна од три и пол години

ТРЕБА ДА СЕ НАДОМЕСТИ И ШТЕТАТА НА БУЏЕТОТ: Стевчо Јакимовски доби затворска казна од три и пол години

ПАЛЧО НА СУДЕЊЕТО РАСКАЖУВАШЕ КАКО ГО ПОМИНАЛ ДЕНОТ КОГА ВАЊА Е УБИЕНА - тврди дека правел сѐ друго, но вели дека убиството не го извршил

ПАЛЧО НА СУДЕЊЕТО РАСКАЖУВАШЕ КАКО ГО ПОМИНАЛ ДЕНОТ КОГА ВАЊА Е УБИЕНА - тврди дека правел сѐ друго, но вели дека убиството не го извршил

„ПИШТОЛОТ КАДЕ Е НЕ ЗНАМ“: Адвокатот на Палчо, Страшевски вели дека има разлики меѓу доказите на ОЈО и одбраната

„ПИШТОЛОТ КАДЕ Е НЕ ЗНАМ“: Адвокатот на Палчо, Страшевски вели дека има разлики меѓу доказите на ОЈО и одбраната

ПЕТ ПАЦИЕНТИ ОД ПОВРЕДЕНИТЕ ВО ПУЛС СЕ ВРАЌААТ ВО ЗЕМЈАВА: Еве во каква состојба се

ПЕТ ПАЦИЕНТИ ОД ПОВРЕДЕНИТЕ ВО ПУЛС СЕ ВРАЌААТ ВО ЗЕМЈАВА: Еве во каква состојба се

ДВЕ ЛИЦА НА ВОЗРАСТ ОД 28 И 48 ГОДИНИ ПРЕДИЗВИКАЛЕ ПОЖАР ВО ДЕПОНИЈАТА ВО ДЕМИР ХИСАР: Полицијата ги приведе

ДВЕ ЛИЦА НА ВОЗРАСТ ОД 28 И 48 ГОДИНИ ПРЕДИЗВИКАЛЕ ПОЖАР ВО ДЕПОНИЈАТА ВО ДЕМИР ХИСАР: Полицијата ги приведе