ИДЕНТИФИКУВАНА ПРВАТА ЖРТВА ВО БРИСЕЛ: Бомбите убија мајка, близначките (4) преживеале!
Објавено во: Свет 23 Март, 2016
Перуанката Аделма Тапиа Руис е првата идентификувана жртва на бомбашките напади во аердромот во Брисел во кои загинаа 34 лица.
Министерството за надворешни работи на Перу соопштило дека 37-годишна жена била на аеродромот со сопругот од Белгија и нивните четири годишни близначки.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/CharmianNeary/status/712551682480148480?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]Тие не се повредени бидејќи заминале од делот на аеродромот каде експлодирала бомбата само неколку моменти пред нападот. Според зборовите на братот на настраданата Перуанка, таа требало да лета за Њујорк да се види со сестрите.
Исламска држава ја презеде одговорноста за нападите, на аеродромот и станиците во метрото во белгиската престолнина во вторникот утрото во кои загинале 34 лица, а повеќе од 200 се повредени.