20 Декември, 2025
0.0553

Иднината на технолошкиот напредок со Неотел

Објавено во: Мои пари 04 Април, 2017 15:07

Добивај вести на Viber

Развој на нови и постоечки производи, унапредување на технолошките капацитети и континуирано инвестирање во преносната и пристапната оптичка и безжична мрежа до крајните корисници насекаде низ земјата, се главните карактеристики и фокус на Неотел.Oснован со македонски капитал, Неотел во својата работа се истакнува со квалитетна услуга и производи кои се актуелни на светскиот пазар и нуди комплетно решение за секој корисник и бизнис.

Како компанија што повеќе од десет години е дел од телекомуникацискиот пазар во Македонија и која се труди да го следи технолошкиот развој скоро во реално време, имплементирањето на трендовите од глобалниот пазар и адаптирањето на локалниот, е наша преокупација и воедно обврска. Сите овие напори имаат две цели, да понудиме производи за нашите приватни и деловни корисници, во согласност со нивните варијабилни потреби и тоа да го направиме преку врвна и квалитетна услуга. Токму затоа иновативноста во развивање нови производи и технолошкиот напредок остануваат наша определба и за понатаму“, изјави Трајче Черепналковски, Генерален извршен директор во Неотел.

Неотел континуирано создава нови и ги развива своите имплементирани производи и понуди, како за приватните, така и за деловните корисници. Со развивање на технолошките капацитети, истовремено континуирано се инвестира во пристапната оптичка мрежа до крајните корисници насекаде низ земјата, како и во надградување на безжичниот интернет пристап од WiMaxво LTEтехнологија. Во однос на интернет капацитетите, Неотел е независен на македонскиот пазар располагајќи со повеќе меѓународни интерконекции преку сопствени оптички линкови што на крајните корисници им гарантира сигурен проток на интернет податоци и сигурно поврзување со светот. Покрај тоа, Неотел како компанија за клиентите ги става на располагање своите дата центри распоредени на повеќе локации низ државата. Истите, покрај редовните хостинг услуги, на своите клиенти им нудат колокациски простор со обезбедена 24/7 техничка поддршка како и најсовремени Cloud услуги.

Сериозните инвестиции во инфраструктурата, технологијата и знаењето, овозможуваат Неотел да е позициониран и на регионалниот пазар со свое директно присуство во повеќе центри, како во регионот, така и во Европа. Ова овозможува Неотел да нуди бројни сервиси за телеком оператори, меѓународни институции, банки, како и за различен тип меѓународни корпорации.

Како дел од својата комплетна услуга кон деловните и приватни корисници, тимот во Неотел се одликува со високи стручни познавања од областа на технологијата и телекомуникациите и постојана достапност за потребите на корисниците. Соработката која што Неотел ја има со стручните факултети во земјата овозможува за компанијата постојано да има нов, свеж кадар, дипломци кои што се обучуваат при самата работа и придонесуваат за развој на напредни технологии. 

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии