Игри на среќа во Кромберг и Шуберт, главна награда автомобил mini cooper
Објавено во: Економија 04 Август, 2018
Во еден од најголемите работодавачи во Македонија, Кромберг и Шуберт во индустриската зона Жабени, се приредува игра на среќа, а многубројните работници за купен лоз од 50 денари имаат можност да учествуваат во извлекување на главната награда - mini cooper автомобил, производство од 2004-та година.
Работниците од фабриката за производство на кабли за автомобили велат дека победникот ќе биде познат во септември, а секој може да учествува повеќекратно, односно може да уплати колку сака „ливчиња“ за учество во „лотаријата“.
Mini cooper произведен во 2004 на пазарот на половни автомобили чини најмногу до 4.000 евра, а во битолската фабрика има неколку илјади вработени, кои доаѓаат претежно од Битола, град познат по љубителите на игри на среќа. Во овој случај Кромберг и Шуберт би можел да оствари добивка, а од друга страна спорно е дали тоа може да го организира, бидејќи според Законот за игри на среќа, таква активност е забранета во слободните зони.