18 Мај, 2024
0.1878

ИКЕА НАЈАВИ АМБИЦИОЗЕН ПЛАН: Еве како ќе им помогне на бегалците ...

Објавено во: Свет 01 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Икеа во 2019 година, планира да почне со продажба на нов асортиман теписи и текстил кои би ги правеле сириските бегалци.

Се очекува оваа иницијатива да обезбеди работни места за околу 200 бегалци кои живеат во Јордан, а повеќето од нив се жени.

„Состојбата во Сирија е најголемата трагедија на нашата историја, а Јордан презеде голема одговорност прифаќајки бегалци. Одлучивме да видиме како Икеа може да допринесе“, рекол генералниот директор на Икеа Јеспер Бродин.

Компанијата моментално води разговори со локалните организации чиј фокус се проблемите со кои се соочуваат жените.

Според податоци на ОН, Јордан прифатил повеќе од 655 000 сириски бегалци. Иако многу Сиријци во Јордан работат без дозвола, последните податоци говорат дека околу 37 000 бегалци добиле работни дозволи. Меѓутоа, стапката на вработеност на жени е многу ниска бидејќи тие воглавно се задолжени за грижа околу децата.

Од Икеа порачале дека во договор со локални организации ќе обезбедат флексибилно работно време како жената покрај работата би можела да се грижи и за семејството. Произведите кои ги направат ќе се продаваат на локално ниво и на други блискоисточни пазари кои имаат договори за слободна трговија со Јордан. Серијата на производи ќе биде ограничена.

Можеби ќе ве интересира

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата