ИКЕА затаила милијарда евра данок?
Објавено во: Економија 14 Февруари, 2016 13:02
Европската комисија ќе го испитува извештајот според кој шведскиот произведувач на мебел ИКЕА не платил милијарда евра данок во период од 2009 до 2014 година поради агресивната даночна стратегија.
Истражувањето го нарачала „Green/EFA“ групата во Европскиот парламент, сакајќи да покаже дека ИКЕА милијарда евра данок во изминатите шест години го преселила во европските даночни раеви.
Одговарајќи на извештајот, Комисијата соопштила дека ќе ги истражува тврдењата.
„Комисијата го има на увид извештајот и ќе ги проучи деталите“, рекла портпаролката на Комисијата за финансиски услуги и работи за данок Ванеса Мок.
Според партијата на Зелените, Икеа користи „низа даночни дупки во различни европски земји, Холандија, Белгија и Луксембург, како би избегнала плаќање на данок“, се наведува.
„Една од техниките е префрлање на авторски права oд секоја Икеа продавница во подружница во Холандија, која дејствува како канал. Авторските права влегуваат и излегуваат неоданочувани и завршуваат целосно во Лихтенштајн, или барем делумно“, се додава.
Од друга страна, Икеа го брани својот начин на работење и управување со данок. „Плаќаме данок целосно во согласност со националните и меѓународни даночни правила и прописи“, се наведува.
„Се залагаме за понатамошен развој на нашата работа во Европа и се радуваме да го продолжиме дијалогот за тоа да се развиваме услогласено и јасно на меѓународниот даночен систем“, соопшти Икеа.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




