18 Мај, 2024
0.0335

Или да ги приклучат зградите на парно, или нема да градат

Објавено во: Македонија 29 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Без приклучок за парно, градежните фирми нема да можат да градат згради. Регулаторната комисија за енергетика ќе инсистира со новиот закон за градба, кој е во подготовка, при издавање одобрение за градба инвеститорите да се обврзат дека зградата што ја градат ќе ја приклучат на организиран систем на топлинска енергија, таму каде што има таков систем.

Претседателот на Регулаторна, Марко Бислимовски, вели дека ова ќе биде со цел да се оптимизира потрошувачката на струја, но и од аспект на загадувањето, бидејќи топланите во Скопје користат природен гас и од нив има најмало загадување.

„Како РКЕ при  носењето на новиот закон за градба ќе инсистираме при издавање одобрение за градење точно да биде наведен и начинот на греење што ќе биде во самиот објект, за да немаме случаи со згради што се наоѓаат покрај  топланите во Скопје да не се приклучуваат на топлинска енергија, затоа што наводно ќе се грееле на струја. Тоа е апсолутно нелогично решение. Ние како РКЕ  со нашите надлежности ќе се спротивставивиме на тоа имајќи предвид дека овој тип на издавање одобрение за градба е веќе дефиниран во земјите на Европската унија“, рече Бислимовски.

Според првиот човек на РКЕ, не може секој да си прави како што сака кога постои организиран начин на затоплување. 

„Ние не сме енергетски богата земја па да правиме што сакаме и да се изживуваме во системот. Тоа е тоа што имаме и апсолутно максимално треба да ги искористиме капацитетите што ги поседуваме. Ние сме увозно зависна земја, увезуваме 100 проценти природен гас, и нафта увезуваме, а и 30 проценти електрична енергија секоја година. Значи, треба да разбереме дека треба да се однесуваме одговорно кон трошењето на кој било тип енергија“, рече Бислимовски.

Според него, изминатиот период има зголемен број нови згради што се приклучуваат на системот на топлинска енергија.

Инаку, РКЕ за две-три недели ќе има конечен став во однос на постапката за издавање лиценца за топлинска енергија на град Скопје, што сега е запрена. Сегашниот снабдувач БЕГ ќе продолжи да работи оваа грејна сезона.

„Постапката е запрена. Добивме податоци од Град Скопје, се обративме и до Владата и во текот на наредните две-три недели ќе ги разгледаме сите информации и ќе донесеме конечен став за постапката за издавање  лиценца. Како и да е, скопјани треба да бидат безгрижни - БЕГ оваа сезона ќе продолжи да си работи и ќе нема промени во текот на грејната сезона“, рече Бислимовски.

Можеби ќе ве интересира

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?