Илија Димовски смета дека ЕУ ѝ удри шлаканица на Владата
Објавено во: Македонија 18 Јуни, 2019
Да потпишеш договор како оној од Нивици и за возврат да добиеш само тапкање и неколку убави зборови од ЕУ (што и беше причина за договорот и референдумот) е доволна причина да признаеш промашена стратегија, напиша на Твитер, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.
„Лани ни одложија за една година, годинава – за пола“ – напиша Димовски.
Во следниот пост Димовски открива и дека е оптимист за во октомври годинава, но и дека ЕУ ѝ удри шлаканица на Владата…