05 Декември, 2025
0.0551

Илина Арсова: Да знаев дека олку популарен се станувало со вљубување во јавна личност, не ќе се мачев толку со планините

Објавено во: Стил 30 Мај, 2020 21:43

Добивај вести на Viber

Девојката што ги искачи сите највисоки врвови на седум континенти, деновиве се најде во врвот на јавниот интерес, исто како и при секој новоосвоен планински врв во годиниве зад нас. Исто, ама малку поинаку. Заедничките фотографии на најуспешната алпинистка, сликарка и еко-активистка Илина Арсова и на најголемиот шоумен, актер и музичар Игор Џамбазов, снимени деновиве крај Дојранското Езеро, кренаа планина од љубопитство, висока колку Монт Еверест, околу нивната релација. Вљубени ли се?

- Да знаев дека олкава популарност се добивала со вљубување во јавна личност, ич немаше да се мачам толку години наназад да ги качувам светските врвови, доведувајќи се себеси во високоризични ситуации со кои многукратно сум си го загрозила животот и здравјето.Толку не ме пишувало по весници дури и кога станав прва дама од нашата земја што стапна на врвот на светот пред 7 години. Се надевам разбирате дека се шегувам, планините се моја страст и пасија кои некако имаа приоритет во мојот живот – вели Илина, оправдано критикувајќи го општото љубопитство.

Повеќе на Женски магазин овде


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: