ИЛИР ХАСАНИ: ГИ ПРАШАВ УГОСТИТЕЛИТЕ - дали би биле мирни ако излезете од свадба со 300 луѓе каде сите се гушкале и веслеле, јас не би бил
Објавено во: Македонија 11 Март, 2021
Заменик министерот за здравство, доктор Илир Хасани, вели дека тој до крај ќе го застапува ставот на Комисиојата за заразни болести, дека се уште не трерба да се дозволи работење на рестораните за свадби.
Вели дека природата на свадбите е таква што не може да се контролира.
„Сите барања се разгледуваат на КЗК. Јасно е дека ние може да ги контролираме со мерки сите други угостителски објекти, но самиот акт на свадба многу тешко се контролира. Како Влада не може да кажеме дека штетите нивни доволно се компензираат. Од здравствен аспект ние како Влада го ставаме здравјето пред се. Им поставив денеска прашање на овие угостители, дали би биле мирни кога во 12 часот ќе излезете од свадба каде 300 луѓе се гушкале и веселеле, јас им кажав дека јас во таков случај не би бил мирен. И се додека не се подобри епидемиолошката состојба ќе стојам на ставот на КЗК да не се отвборат овие ресторани“, рече Хасани.
Министерот за економија, пак, Крешник Бектеши, рече дека Владата ќе ја следи состојбата и ќе се види дали до пред сезоната ќе може нешто да се направи за тие да се отворат.
„За нас како Влада е неприфатливо да донесеме спротивни одлуки од тоа што предлага Комисијата за заразни болести. Тие дејности кои ќе бидат затворени со одлука на Влада по предлог на Комисијата, ќе бидат дополнително поддржани. Економската активност се враќа, ако продолжиме вака, оваа година ќе забележиме раст. Угостителските објекти работат до 21 часот. Тие за свадби се затворени, но ако има можност до пред сезоната ќе направиме напори да бидат отворени, ако има дополнителни рестрикции, ние како Влада ќе гио поддржиме“, рече министерот Бектеши.
Н.Н.Ф.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.