Им падна валутата, луѓето излегоа на улица
Објавено во: Економија 02 Август, 2018
Во Иран граѓаните се собраа на улиците во знак на протест поради колапсот на државната валута, како и други економски проблеми со кои се соочува државата.
На видео снимките кои се појавија на социјалните мрежи, се гледаат десетици демонстранти во градот Гохардаш, западно од престолнината Техеран.
Се појави и снимка чија автентичност не може да се потврди, а на неа се гледа дека граѓани од предградието Караџа палат автомобили и извикуваат „смрт за дикаторот“.
Иранскиот риал падна поради страв од обновата на американските санкции кои ќе важат од понеделник.Минатиот месец имаше судири пред Парламентот и протести кои траеја три дена.