ИМ ПРЕЧИ ХЕРОИЗАЦИЈАТА НА ЗАГИНАТИТЕ ВО БАЊСКА: Рама и Пленковиќ повикаа ЕУ и Западот да ја санкционираат Србија
Објавено во: Балкан 02 Октомври, 2023 18:22
Oд Хрватска и Албанија има повици до Западот да ја санкционира Србија поради нападот во Бањска во северно Косово, каде неодамна загина еден косовски полицаец, но и три лица од српска вооружена група.
Албанскиот премиер Еди Рама и хрватскиот Андреј Пленковиќ ги повикуваат ЕУ и Западот да донесат мерки против Белград.
Тие најостро го осудија „насилството на српските паравоени единици на северот на Косово, како и нивното „хероизација“ од Белград, со повик до премиерите на земјите од Европската унија и Западот да донесат мерки против Србија.„Имаме злосторство, убиство на полициски службеник и имаме хероизација на тие кои го извршија“, рече Рама.
Пленковиќ вели дека тие потези „не можат да останат без одговор“ и дека одлуката на Белград за ден на жалост „речиси подразбира идентификација со тоа што се случило“.
Тој изјави дека ќе следи истрага за целосно да се утврди што се случило, по што специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Приштина и Белград ќе предложи мерки. Пленковиќ рече дека и Европската комисија (ЕК) може да донесе мерки автономно, без согласност на сите земји членки, како што тоа го направи пред неколку месеци против Косово.
Хрватскиот премиер изјави дека е сигурен дека мерките ќе бидат преземени, а Рама повика тие да се спроведат, како што рече, „без губење време“, затоа што одлуката на Белград за ден на жалост не остава простор за поинакви интерпретации.
Властите во Белград велат дека тројцата Срби се брутално убиени во Бањска.
Шефот на европската дипломатија, Џозеп Борел претходно најави можност за санкции ако не се почитува договореното за деескалација на Косово.
Можеби ќе ве интересира
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството
(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?
ПАДНА ВЛАДАТА НА РОСЕН ЖЕЛЈАСКОВ: По масовните протести, бугарската влада си поднесе оставка




