20 Декември, 2025
0.0554

Има ли К-15 за даскалите? Колку се платени, што е мит, а што е вистина?

Објавено во: Економија 20 Април, 2022 07:35

Добивај вести на Viber

Наставниците четврта година чекаат усогласување со минималната плата. Регрес за годишен одмор (популарно познат како К-15) не добиваат и немаат одмор од три месеци додека трае распустот. Усниот предлог на Владата е ставен на гласање и го одбиле над 17.500 наставници или 95% од сите наставници кои штрајкуваат

Генералниот штрајк на даскалите влегува во својата втора седмица. Оваа состојба ја крева тензијата во јавноста. Таа делумно е креирана од родители на ученици, но во видлива мерка и од Владата. Поточно од двете најголеми политички партии во власта кои индиректно ги обвинија наставниците народски кажано дека „бараат преку леб погача“ откако синдикатот одби усна понуда за зголемување од 2.500 денари доколку во јуни помине на ребаланс во Собрание.Затоа што пред фактите молчат сите мора да се истакне дека против усниот предлог на Владата гласале над 17.500 наставници од вкупно 18.600 просветари.

Очекувано со раст на притисокот врз просветарите во јавноста се повидливи се и митовите за нивниот статус, привилегии, неработење и се разбира за тоа колку се добро платени за лесна работа...

Ајде да видиме што од ова е мит и каде има вистина?

-Одмараат цел летен и зимски распуст! Наставниците немаат 3 месеци одмор, како што многумина паушално зборуваат или коментираат на социјалните мрежи. Наставниците на полугодие и по завршување на учебна година одат на работа, а своето право на одмор од 20 до 29 работни дена (во зависност од стаж) го имаат исто како и сите други вработени во дејностите за кои важи општ колективен договор. Разликата е во тоа што го користат колективно што не е предност затоа што немаат право на избор!

-„Лапаат“ К-15! Наставниците не добиле К-15 односно не добиле регрес за годишен одмор како што редовно добива јавната администрација. По овој основ се дискриминирани и покрај тоа што се јавни службеници и вршат просветна дејност која е една од најважните во општеството

- Даксалите ништо не работат освен што држат часови! Наставниците работат и по завршување на часовите! Пополнуваат електронски дневници, прегледуваат писмени работи, планираат настава и обработуваат наставни содржини, подготвуваат ученици за натпревари, матурски испити, уписи. Некои од нив држат и приватни часови.

- Малку ли им се досега зголемени платите! Платите на наставниците уште не се усогласени со зголемувањето на минималната плата во 2017 година!!! Повеќе од 18.000 наставници чекаат четири години на усогласување на нивната плата односно стручно кажано вредноста на минималната плата ќе се множи со коефициент на сложеност на работно место.

За жал децата се колатерална штета. Но кога ќе дебатираме за платите и работата на наставниците да ги имаме во предвид овие факти.

Повеќе детали за фактите и ставовите може да прочитате на следниот линк https://faktor.mk/ocenkite-ostanaa-nepopraveni-materijalot-nedopredaden-i-po-cela-nedela-shtrajk-nema-dogovor-uchenicite-se-kolateralnata-shteta

Р. Ф.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба