13 Мај, 2024
0.0339

Има ли шанси за укинување на Шенгенот и колку тоа би чинело?

Објавено во: Економија, Свет 13 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Околу 20 милијарди евра би чинело укинувањето на Шенген зоната  во Европа. 

На таа сума треба да се додадат дополнителни трошоци од две до четири милијарди евра годишно, што изнесуваат од 0,02 до 0,03% од БДП на државите од Шенген зоната

Ова се наведува во извештај на Европскиот парламент, направен врз основа на истражување на еден непрофитен Институт.

Реалните загуби од враќање на границите е речиси невозможно да се пресметаат, се наведува во документот. Статистиката досега не покажала зголемување на криминалот поради укинувањето на гранични контроли.

Како што се забележува во анализата, наведените суми вклучуваат трошоци за физичко враќање на границите, административни расходи поради контролите, како и загуби за патниците и трговците.

Се очекува во наредните денови да се донесе одлука за тоа дали да бидат продолжени времените гранични контроли што ги воведоа Германија, Австрија, Шведска, Данска и Норвешка.

Се смета дека Данска и Германија ќе побараат контролите да продолжат.

Шенгенскиот договор дава можност за воведување на времени контроли на внатрешните граници во ЕУ во случаи на вонредни околности. Државите, кои времено ги вратија граничите контроли, таквата одлука ја оправудува со миграцискиот прилив.

Најголем дел од граѓаните на европските земји, со акцент на Французите и Британците, сакаат Шенген-зоната да биде укината поради приливот на мигранти, покажуваат резултатите од ланска анкета, чиишто резултати  ги објави францускиот весник „Фигаро“.

Според официјалните податоци, минатата година во ЕУ пристигнале 1,2 милиони мигранти.  


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо