ИМА ПОВРЕДЕНИ: Нова експлозија во „Слобода“ во Чачак
Објавено во: Балкан 20 Јуни, 2021
Нова експлозија се случи во фабриката „Слобода“ во српскиот град Чачак, поради што е наредена итна евакуација.
Повеќето работници успеале да побегнат, а за двајца се знае дека се повредени при пукање и кршење на прозорците.
Во моментот на експлозијата, во неколку погони на фабриката имало неколку десетици вработени.
Ова е втор ваков инцидент во Чачак овој месец. Во почетокот на јуни се запали магацинот на фабриката каде што се складирале делови за склопување запалки. Во текот на ноќта следуваа повеќе експлозии кои предизвикаа огромни материјални штети. Според првите проценки што ги соопшти претседателот на Србија Александар Вучиќ, станува збор за штета од 1,5-2 милиони евра.