06 Декември, 2025
0.0467

Има само 12 години и веќе е бруцош

Објавено во: Стил 06 Август, 2018 21:42

Добивај вести на Viber

Момчето Карлос Антонио Сантамарија Диаз ќе биде првиот студент на таа возраст што се запишал на врвниот Националниот автономен универзитет во Мексико (УНАМ). 

Факултетот е еден меѓу најпрестижните во Латинска Америка, а детето го почна својот прв семестар на 6 август. На факултетот, Карлос приемниот тест го положил со 105 од можни 109 бодови.

Дванаесетгодишното дете сега ќе студира медицинска физика и биофизика на Универзитетот во Мексико Сити.

„Само сакам да студирам, ако ми ја затворат вратата, ќе влезам низ прозорецот“ – вели тој. 

Карлос, кој живее во мало гратче 90 километри оддалечено од главниот град, е добро познат во универзитетот. Во 2015 година соработувал во проекти по аналитичка хемија, биохемија и молекурална биологија.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: