Имаат 130.000 евра, а не можат да пронајдат пристоен двособен стан
Објавено во: Економија 03 Април, 2017
За Слободна Далмација граѓани раскажале дека иако имаат 130.000 евра сепак не можат да најдат пристоен двособен стан во Сплит.
Проблем е што многу од становите кои се понудени на оглас веќе се продадени.
„Бараме двособен стан од 65 квадрати, за некои 130.000 евра, во обзир доаѓаат сите квартови во центарот на градот, но не можеме ништо да најдеме. Се продаваат станови во кои треба да се вложат барем 50.000 евра за да се живее во нив. Но, пристоен стан за пристојни пари не постои. Она што не депримира е што многу од становите кои се на оглас веќе се продадени. Среќа што нè сме на улица“ - вели жена од Сплит кој повеќе од година дена бара стан за своето четиричлено семејство.
Вели дека сите огласи ги научила напамет, а нема агенција која не ја контактирала.
Дека бара стан разгласила на многу луѓе, но засега нема резултат.
И од агенциите за недвижности велат дека имаат многу купувачи, но квалитетни понуди немаат.
Оттаму раскажуваат дека има и станови кои не се најдобра опција, а газдите се трудат да ги продадат и тоа по висока цена.