ИМАМ ИНФОРМАЦИЈА КОГА ЌЕ СТИГНАТ, НО КАКО ДА КАЖАМ АКО НЕ СТИГНАТ: Премиерот Заев обелодени-3.000 дози од Спутник V пристигнуваат во недела со ДХЛ
Објавено во: Македонија 05 Март, 2021
Премиуерот Зоран
Заев денеска објави дека првите дози од руската вакцина Спутник V ќе пристигнат во недела преку ДХЛ. Рече
дека станува збор за 3.000 дози од вкупно 100.000.
-Секој ден очекуваме конкретна информација, јас имам информација кога ќе стигнат првите 3.000 дози, ама како да ја кажам ако не стигнат. Во недела ги очекуваме првите 3.000 да стигнат со ДХЛ, министерот Венко Филипче се организира со амбасадорот да ги пречека, а останатите 97.000 останува да пристигнат следната недела и по неа.
Конечно го имаме и договорот со Фајзер, рече Заев, нагласувајќи дека до крајот на месецов се очекуваат и тие 21.060 дози, како и од Ковакс механизмот, и тие се некаде меѓу 20.000-30.000 дози.
-Дефинитивно во март ќе започе масовната вакцинација според утврдената динамика. Освен здравствените работници, ќе следуваат повозрасните граѓани, како и оние со хронични заболувања, и процесот на вакцинација ќе се тече според протоколите. Очекуваме и информација од Кина, како што веќе знаете авансот го уплативме, па ни го вратикја, се со цел да биде потврдено и од Министерството за надворешни работи. Има понуди и од АстраЗенека, имам денеска разговор со британски претставници од највисоко ниво да видиме дали можат и тие за 7 до 10 дена да пристигнат, рече Заев.
За евентуални порестриктивни мерки ќе се почека мислењето на Комисијата за заразни болести, истакна премиерот, кој нагласи дека состојбата ќе се анализира и ќе се следи, а во понеделник ќе се носат евентуални одлуки.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.