ИМАМЕ ДОГОВОР, НО ВУЧИЌ БЕГА И НЕ ПОТПИШУВА: Курти по средбата во Охрид

Објавено во: Балкан 19 Март, 2023
Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека постои јавен договор меѓу партиите кои преговараа во Охрид.
- Дојдовме во Охрид да го потпишеме основниот договор со анекс за имплементација. Постигнавме јавен договор за анексот што ќе го води спроведувањето на основниот договор. Другата страна, како и на последната средба во Брисел на 27 февруари, бега од потпишување. Сега со анекс. Останува на ЕУ да најде механизам статусот на овој договор да го направи правно обврзувачки – рече Курти.
Курти рече и дека државите ќе се занимаваат и со прашањето за минатото и исчезнатите лица.
Тој го коментираше и прашањето за членот 7, кој според посредникот Борељ веднаш ќе почне да се применува. Овој член се однесува за „самоуправување на српската заедница“.
- Во овој аспект има параграф кој зборува за адекватно ниво на самоуправа на несрпската мнозинска заедница и секако дека ќе се водиме по највисоките стандарди Србите во Косово да немаат никакви повреди и дискриминација, не заборавајќи дека предлогот на Ахтисари создаде огромен простор и можност да ги уживаат нивните права и да ги задоволат нивните потреби - рече Курти.
фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQМожеби ќе ве интересира
Анализа на отпадни води утврди дека во Загреб помалку се конзумира кокаин

ВИДЕО: ПЕНЗИОНЕРИ СЕ ТЕПАА ЗА ЌЕБАПИ ВО СУПЕРМАРКЕТ: Една баба легна да го брани фрижидерот, морало да интервенира обезбедувањето!

МОНСТРУМОТ УРОШ ТРИ ДЕНА СЕ КРИЕЛ КАЈ ПРИЈАТЕЛ: Еве како е уапсен таткото на „детето од када“

КРИПТОКРАЛОТ ОСНОВАЛ ФИРМА ВО СРБИЈА ЗА 100 ДИНАРИ: Еве што сакал да работи на Балканот!

ХАОС НА ЦРНОГОРСКА ТЕЛЕВИЗИЈА - гостинот викаше дека Ѓукановиќ мора да победи, па потоа ги вреѓаше сите во студиото
БРЗА ЖЕЛЕЗНИЦА НИЗ РЕГИОНОТ: Покана ќе добие и Македонија!

ЕВЕ КАКВИ ИЗМАМИ ПРАВАТ ПРОДАВАЧИТЕ НА ДРВА: Крадат на кубикажа, граѓаните купуваат воздух!

ЦЕЛА БУГАРИЈА НА НОЗЕ: Фрчат дојави за бомби од сите страни,на само пет дена пред избори

КРОАЦИЈА ЕРЛАЈНС ВОВЕДУВА НОВА ПОНУДА ВО СИТЕ СВОИ АВИОНИ - еве за каква новина се работи
